Не поминаа измените на Изборниот законик

Собранието денеска на вонредна седница расправаше за предлог измените на Изборниот законик, но тие не беа усвоени. Со измените, независните листи за советници и кандидати за градоначалници требаше да собираат потписи од 0,95 проценти од запишаните во Избирачкиот список за конкретната општина или за Град Скопје.

За време на комисиската расправа, пратеничката група на Левица поднесе амандман со кој се предлагаше процентот од 0,95 да се намали на 0,5 проценти. Амандманот доби поддршка од сите партии, освен од Европскиот фронт.

Кога измените се вратија на пленарна седница за гласање, 66 пратеници гласаа „за“, а 18 беа „против“. Меѓу пратениците од немнозинските заедници, 11 гласаа „за“, додека 18 беа „против“. Со тоа, предлог измените не добија потребното мнозинство и не беа усвоени.

Покрај прагот на потписи, една од предложените измени предвидуваше и дефинирање на интернет порталите согласно Законот за медиуми.

Првиот круг од локалните избори е закажан за 19 октомври, додека вториот круг ќе се одржи на 2 ноември.

Зачлени се на нашиот е-билтен