Орце Ѓорѓиевски пречекан со факели и овации пред Триумфалната порта

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и новоизбран градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва беше пречекан со факели и овации од своите поддржувачи пред Триумфалната порта.

Со скандирања „Орце, Орце“ и „ВМРО-ДПМНЕ“, симболично помина под Триумфалната порта, каде што беше поздравен од голем број симпатизери. Потоа Ѓорѓиевски се упати кон централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде што продолжи прославата по повод неговата изборна победа.

Според првичните резултати, Ѓорѓиевски има значителна предност пред својот противкандидат од Левица, Амар Мециновиќ, со двојно повеќе гласови. Атмосферата во штабот на партијата е исполнета со славеничко расположение, а симпатизерите велат дека ова е „победа на Скопје за нов почеток“.

Зачлени се на нашиот е-билтен