Чаир има многу добра шанса со Бујар, вели поранешниот министер за надворешни работи на Португалија, Жоао Гомеш Кравињо, со видео-порака со изрази за силна поддршка за кандидатурата на Бујар Османи за градоначалник на општина Чаир.
„Големо задоволство е да ја поддржам кандидатурата на Бујар Османи за општина Чаир. Го познавам Бујар како министер за надворешни работи и бев исклучително импресиониран,“ изјави Кравињо.
Кравињо, кој беше шеф на португалската дипломатија и е меѓународно реномиран дипломат, ја истакна улогата на Османи како претседавач со ОБСЕ и неговото лидерство во европските прашања:
„Неговото претседавање со ОБСЕ, неговото лидерство во европските прашања, мудроста на неговиот глас – сето тоа покажува дека Чаир има многу добра шанса доколку Бујар стане градоначалник.“
Во пораката, тој подвлече дека со Бујар Османи на чело на Чаир, општината ќе добие човек кој ќе може да отвори врати што се важни за меѓународната соработка и развој.
„Верувам дека со Бујар ќе биде многу полесно да се отворат сите меѓународни врати кои треба да се отворат. Со Бујар, иднината на Чаир е насмеана иднина,“ порача Кравињо.