Проданоски од Прилеп: Најавувам голема двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ

Проданоски

Дејан Проданоски, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кој и досега ја водеше општина Прилеп, на социјалните мрежи најави двојна победа.

„Најавувам голема двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Прилеп уште во првиот круг. Ова е победа на делата, на чесноста, на вистинските луѓе. Го продолжуваме започнатото со иста решителност, со уште поголема сила и верба во иднината на Прилеп“, напиша Проданоски.

Според него прилепчани покажале дека ја препознаваат вистинската работа и вистинскиот човек.

„Ова не е само победа, ова е порака дека заедно ја градиме иднината што ја заслужуваме“, порача проданоски и се заблагодари за довербата.

Зачлени се на нашиот е-билтен