Активистката за женски права и претседателка на Националниот совет за родова рамноправност Савка Тодоровска, му даде поддршка за втор мандат на актуелниот градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски.
Преку видео обраќање, таа истакнува дека правото на глас во светот жените го добиле многу тешко. И затоа, ги повикува сите жени и девојки, на 19 октомври да излезат и да го искористат своето право на глас.
„Со вашиот глас ќе дадете можност на добрите, на квалитетните, на она што вам ви припаѓа, бидејќи ние како организација со Општина Центар и разбирањето на раководството дадовме можност на граѓаните во изминатиот период да добијат бесплатна правна, психолошка и социјална поддршка. Тоа е само за поздрав“, вели Тодоровска.
Според аналитичарите, Герасимовски е фаворит за победа на претстојните локални избори во Општина Центар.