Во програмата на кандидатката за градоначалник на СДСМ Каја Шукова, јавниот превоз е клучен за намалување на сообраќајниот метеж и загадувањето на воздухот.
На краток рок Шукова најавува обновување на флотата на автобуси со купување на 100 нови еколошки автобуси и воведување електронски систем за наплата и современ информативен систем за патниците.
Нов возен ред за јавниот сообраќај за зголемување на фреквенциите на јавниот превоз во периодите на најголем сообраќај и опфат на сите населени места со јавен превоз, како и засилена обврска на приватните превозници за покривање на најоптоварените линии во клучните периоди од денот
Шукова планира Имплементација на институционални и технички промени на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Во плановите на среден рок приоритет на Шукова е воведување брз автобуски транзитен систем (БРТ) со линијата Ѓорче Петров – Ново Лисиче (Аеродром) и подготовка на оптимално решение за втората линија на БРТ (север – југ).
за поефикасен јавен превоз Шукова предлага изградба на приоритетни ленти за јавен превоз на главните сообраќајници.
На долг рок во програмата на Шукова е спроведувањето втората фаза од БРТ-системот, линија од Кисела Вода до Чаир, како столб на јавниот превоз на Скопје.
Во нејзината програма на високо место е создавање на „супер блокови“ во центарот на градот каде што приоритет имаат пешаците, велосипедистите и јавниот превоз, како развој на систем за споделување електрични возила и велосипеди низ целиот град.