Инвестирањето во образованието е инвестирање во иднината на градот, велио програмата во делот за градските политики за образованието и младите, кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ Каја Шукова.
Во мерките предвидени на краток рок, Шукова планира реновирање на училишната инфраструктура и обезбедување современа опрема и воведување дополнителни активности и програми за учениците по учењето.
Во делот на дополнителните активности за подобро образование, најавува ревитализација и опремување на Планетариумот во МКЦ.
Во мерките на краток рок запишано е и зголемување на финансиска поддршка за 300 % за поддршка на проекти, програми, програмски активности и манифестации на младите.
На среден рок во делот на образованието и младите, во програмата на Шукова е планиран развој на партнерства меѓу училиштата и локалниот бизнис сектор.
Во овој дел од програмата на Шукова е предвидено создавање мрежа на младински центри низ градот, како и воведување програми за менторство и кариерно насочување.
На долг рок Шукова најавува изградба на нови современи училишта во брзорастечките населби (гимназија во Аеродром).
Посебно внимание би се посветило, според Шукова, на трансформацијата на образованието преку дигитализација и иновативни методи на предавање.
Еден од новите, досега непознати мерки е создавање програма „Млад граѓанин“ за вклучување на младите во одлучувањето.