Шукова: „Ќе изградиме хуман и ефикасен систем за справување со бездомните животни во Скопје“

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска оствари средба со активисти за заштита на животни, на која се разговараше за решавање на долгогодишниот проблем со бездомните животни во главниот град.

„Верувам дека ова е прашање на цивилизациска зрелост – наместо ад-хок мерки, потребен е вистински систем што ќе функционира 24 часа,“ посочи Шукова во својата објава на Фејсбук.

Таа најави зголемување на капацитетот на стационарот „Лајка“ и воспоставување постојана, деноноќна служба за грижа за животните, со што, како што нагласи, „грижата за животните нема да зависи од работно време“.

Покрај тоа, Шукова најави и формирање комунална полиција под ингеренции на Град Скопје, која ќе реагира веднаш на терен и ќе санкционира несовесни сопственици и злоупотреби.

„Подготвена сум да ги прифатам најдобрите предлози од заедницата на љубителите на животни – тие најдобро знаат каде најмногу ‘шкрипи’. Заедно со нив, институциите и граѓаните ќе изградиме систем што ќе биде хуман, одговорен и ефикасен,“ порача Шукова.

Зачлени се на нашиот е-билтен