Шукова: Малите и средните претпријатија се столб на економијата на Скопје, ќе добијат поддршка од градот

Малите и средните

Малите и средните претпријатија се столб на економијата на Скопје, ќе добијат поддршка од градот, најавува во својата програма кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ Каја Шукова

Од меркита на овој план на краток рок, Шукова предвидува намалување на локалните давачки за новоотворени бизниси во првите две години.

На среден рок во програмата е запишано создавање бизнис-инкубатори и акцелератори за стартапи и развој на програми за менторство и вмрежување за претприемачи.

Шукова на долг рок вели дека ќе создаде услови за развој на кластери во клучни индустрии, како што се ИТ, креативни индустрии, зелена економија.

Амбициите на Шукова се да го позиционира Скопје како регионален центар за иновации и претприемаштво.

Зачлени се на нашиот е-билтен