Каја Шукова, кандидатка за градоначалник на Скопје од СДСМ, денеска најави дека има конкретен план за решавање на проблемот со депонијата Дрисла, кој долгогодишно предизвикува еколошки загрижености и пожари.
Според Шукова, изминативе четири години власта на ВМРО-ДПНЕ не го третирала отпадот на соодветен начин, што довело до чести инциденти и загадување.
„Јас знам и имам план како да се воспостави систем за управување со отпад и да се спречат вакви еколошки катастрофи. Моето решение предвидува соодветен третман, но пред се намалување на количините на отпад преку селектирање и реупотреба“, изјави Шукова.
Кандидатката нагласи дека овој пристап ќе ја подобри еколошката состојба во Скопје и ќе го спречи повторување на пожари на депонијата.