Скопје ќе биде достојна Европска културна престолнина и затоа ќе бидат преземени многубројни активности. Таа привилегија ќе биде и шанас за промоција на богатото културно наследство на нашиот главен град, се посочува во програмата на кандидатката за гладоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја
Скопје има богато и разновидно културно наследство што треба да се заштити и да се промовира. Особено и поради фактот што Скопје е веќе европска престолнина на културата во 2028 година.
За таа цел, на краток рок ќе ја биде поттикната ревитализацијата на старата чаршија, а веднаш ќе започне и дигитализација на културното наследство за подобар презентација и зачувување, пишува во програмата на Шукова.
Во плановите на среден рок, Шукова и нејзиниот тим зацртале создавање програма за поддршка на традиционалните занаети и вештини и организирање фестивали и настани што го слават културното наследство на градот преку промоција на нови форми повеќе отворени сцени и настани.
На долг рок програмата предвидува создавање центар за интерпретација на културното наследство и развој на културни рути што ги истакнуваат различните аспекти на наследството на градот.
На културното наследство се надоврзува современата културна сцена и во таа насока Шукова вели дека поддршката на современата културна креативност е клучна за еден живописен град.
Затоа, на краток рок е предвидена поддршка на локалните уметници преку мали грантови и изложбени простори, како и организирање улични фестивали и културни настани во сите населби.
Шукова најавува создавање платформи за промоција на локалната уметност и култура и изработка на нови 100 мурали за Скопје.
Во плановите на среден рок влегува реконструкцијата и трансформација на Дом на градежници во современ мултифункционален културен центар.
Шукова во својата визија за Скоје предвидува и поддршка на програми за уметничко образование за деца и возрасни и создавање простор за уметници од земјата и од странство. Како пилот-проект го најавува заживувањето на просторот под Железничката станица.
Поврзување и соработка со европската културна сцена – размена на содржини и настани, според Шукова, ќе го позиционира на Скопје како регионален центар за современа уметност и култура.
Долгорочно стратегијата на Шукова предвидува поддршка за развој на креативните индустрии како важен економски сектор и создавање мрежа на културни простори низ целиот град.