Шукова: „Вардариште е екоцид – Скопје мора веднаш да добие чист воздух“

Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, предупреди дека над 150.000 жители на Аеродром и Гази Баба секојдневно се изложени на чад и загадување од дивата депонија Вардариште.

„ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска четири години го оставија Скопје да се гуши во ѓубре, а Вардариште се претвори во вистински екоцид. Тоа мора веднаш да запре“, изјави Шукова.

Таа смета дека е неопходна итна интервенција со 24-часовен надзор, целосно оградување на просторот и забрана за влез за сите освен за вработените на „Комунална хигиена“.

„Скопје заслужува чист воздух и безбедно опкружување. За Вардариште е потребно системско решение“, додаде таа.

Зачлени се на нашиот е-билтен