Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Како што информира претседателот на ДИК Александар Кондарк, излегле да гласаат до 18:30 часот 803 091 граѓанин. Обработени се 3 287, односно 94,62 проценти од избирачки места. На овие 3 287 избирачки места запишани се вкупно 1 721 645 граѓани.
За споредба, на претходните локални избори 2021 вкупниот одѕив заклучно со 19:00 часот изнесувал 49,98 проценти.
Генералниот одѕив на ниво на Град Скопје до 18:30 часот изнесува 46,64 проценти. Конкретно во скопските општини, во Аеродрим излезноста е 45,57%, во Бутел 49,71%, во Гази Баба 41,97%, во Ѓорче Петров 45,09%, во Карпош 49,92%, во Кисела Вода 46,25%, во Сарај 55,20%, во Центар 49,41%, во Чаир 51,27% и Шуто Оризари 35,33 проценти.