Трајановски ја критикува состојбата во Аеродром: „Општината не заслужува да изгледа вака“

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски, денеска ја посети општината и ја истакна лошата состојба на јавните површини. Тој забележа преполни контејнери за отпад, мини-депонии и голем број бездомни кучиња, кои според него, не се соодветно третирани.

– Денеска, заедно со генералниот секретар Саша Димитријевиќ, прошетавме низ Аеродром и наидовме на разочарувачка слика – насекаде има ѓубре, преполни контејнери, незаштитени кучиња и хаос во сообраќајот. Вака не треба да изгледа ниту една населба во нашето Скопје – напиша Трајановски на социјалните мрежи.

Тој потенцира дека не ветува чуда, туку конкретни и реални остварувања. – Ќе работиме со максимална посветеност и ќе испорачаме резултати. Заедно се бориме за нашиот дом! – порача кандидатот.

Зачлени се на нашиот е-билтен