Уште пет дена до крајот на изборната кампања. Политичките партии, коалициите и независните кандидати и денеска пред граѓаните ќе продолжуваат со претставување на своите програми и кандидатите за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 19 октомври. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Росоман, во Градско, Лозово и во Велес, додека СДСМ има најавено активности во Богданци, Зрновци, Чешиново-Облешево, во Виница и во Кочани.
Претставници на Левица денеска ќе остварат средби со граѓани во Кочани и Штип, каде ќе ги претставува своите кандидати за градоначалници и за советници.
Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври. Вториот круг е закажан за 2 ноември.