(Видео) Филипче: Аеродром е депонија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Аеродром изјави дека општината „не заслужува да изгледа како депонија“ и повика на промена со поддршка за кандидатот за градоначалник, д-р Александар Трајановски. На настанот присуствуваше и кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова.

Во обраќањето, Филипче оцени дека „ѓубре има насекаде, околу контејнерите, корпите се искршени, зелените површини не се косат“ и дека „ветувањата не се остварени“. Тој ја критикуваше досегашната локална власт, најнапред мандатот на Тимчо Муцунски, а потоа и неговиот наследник Дејан Митески, наведувајќи дека „општината нема среденост, нема содржини за млади и нова урбана опрема“.

„Го предлагаме Александар Трајановски – човек со визија и докажан професионалец… верувам дека граѓаните ќе го препознаат тоа и ќе го дадат гласот за средена, чиста општина, каква што заслужуваат“, рече Филипче.

Изјавите доаѓаат во тек на кампањата за локалните избори, во која чистотата, хигиената и урбаното уредување се меѓу главните теми во Аеродром и во Град Скопје. Од штабот на СДСМ најавуваат дополнителни активности на терен и претставување на програмските приоритети за општината.

Зачлени се на нашиот е-билтен