ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите на ЗНАМ за градоначалници во Куманово и Центар

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да ги поддржи кандидатите за градоначалници кои ќе ги предложи коалициската партија ЗНАМ во општините Куманово и Центар.

На денешната седница, Комитетот истовремено утврди и 16 нови кандидати за градоначалници за локалните избори закажани за 19 октомври:

  • Сопиште – Јане Мицевски
  • Кичево – Александар Јовановски
  • Крива Паланка – Оливер Алексовски
  • Маврово-Ростуше – Онер Јакуповски
  • Кривогаштани – Сашо Граорковски
  • Шуто Оризари – Ерџан Демир
  • Крушево – Нико Чонески
  • Валандово – Ѓоко Камчев
  • Виница – Митко Костадиновски
  • Демир Хисар – Никола Најдовски
  • Чешиново-Облешево – Јордан Костадинов
  • Радовиш – Љупчо Почивалец
  • Чашка – Дејан Андоновски
  • Прилеп – Дејан Проданоски
  • Струмица – Петар Јанков
  • Неготино – Марија Нацева

Со оваа одлука, ВМРО-ДПМНЕ ја потврдува соработката со ЗНАМ за дел од општините, како дел од подготовките за претстојните локални избори.

Зачлени се на нашиот е-билтен