Коалицијата „Вреди“ оцени дека изборниот процес поминал во фер и мирна атмосфера. Според нивните
информации изборите поминале без поголеми неправилности, а мнозинството граѓани го искористија своето гласачко право.
Од „Вреди“ изразија благодарност до сите граѓани кои учествувале во гласањето и истакнаа дека со тоа докажале висока демократска и граѓанска свест.
„Оваа е слика што ја посакуваме за нашата земја, еден фер и мирен процес кој покажува дека демократијата се зајакнува и дека граѓаните се свесни за тежината и значењето на нивниот глас“, потенцираа од „Вреди“.
Од оваа коалиција нагласија дека очекуваат добри резултати. Очекуваат од ДИК фазата на затворање и броење на гласовите да се спроведе во целосна транспарентност, прецизност и професионалност.
Големата излезност во Чаир и во Сарај, ја припишаа на големата доверба на граѓаните кон нивните политики.