Александар Трајановски официјално ја објави својата кандидатура за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори, со поддршка од коалицијата ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР.
Трајановски, кој веќе осум години е активен во Советот на Град Скопје, истакна дека зад себе има бројни иницијативи и предлози, како и искуство стекнато преку соработка со повеќе од 30 европски градови и учество на обуки за развој на локалната самоуправа.
„Денес сум подготвен да понудам конкретни решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, градот и јавните претпријатија“, изјави Трајановски во објава на социјалните мрежи.
Како носител на советничката листа ќе биде поранешниот градоначалник Ристо Пенов, за кој Трајановски нагласи дека е „човек кој веќе оставил длабок белег на овој град“.