Зоран Бајовски: Чучер Сандево заслужува инфраструктура што функционира

Бајовски

„Чучер Сандево заслужува инфраструктура што функционира, чиста животна средина, поддршка за локалната економија и социјални политики кои ги штитат ранливите“ порача кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Бајовски.

На предизборниот собир присустваше и претседателот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Северна Македонија Христјан Мицкоски, потпретседателот и министер за правда, Владо Мисајловски и низа други партиски функционери со што се потенцира широката партиска поддршка за локалната иницијатива за обнова и реформи.

Кандидатот за градоначалник, Зоран Бајовски во неговиот говор и директниот контакт со граѓаните ги рефлектираше приоритетите за ред, отчетност и конкретни проекти што веднаш ќе го подобрат секојдневнието во општината. Бајовски рече дека се обврзува на транспарентност и мерливи резултати.

Пораката на митингот беше едноставна и недвосмислена: Чучер Сандево заслужува инфраструктура што функционира, чиста животна средина, поддршка за локалната економија и социјални политики кои ги штитат ранливите.

Бајовски рече дека ВМРО‑ДПМНЕ во Чучер Сандево останува посветена на спроведување на конкретни приоритети со отчетност и вклученост на граѓаните во секој чекор и повика на сериозен и масовен излез на 19ти октомври за да се овозможи нов почеток.

Зачлени се на нашиот е-билтен