Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Броштица на независноста, да ја чуваме меморијата на тие историски мигови

Село Броштица на планината Стогово
Село Броштица на планината Стогово

Кога веќе евоцираме спомени…

Колкава беше посветеноста на тогашната генерација пратеници, членови на владата, на сите општественици и народот, да успее референдумот за независност на 8 септември говори и ова мое сеќавање.

Во 1991 година, со поминати три години новинарски стаж во тогаш Радио телевизија Скопје, бев задолжен да ги следам активностие од кампањата за референдумот за независност.

Во целата таа кампањска турнеја беше вклучено и селото Броштица. Село на северозападната страна на Стогово на надморска височина од 1328 метри, во денешна општина Центар Жупа, со тогаш не повеќе од 800 жители.

Ете толку беше силна желбата референдумот да успее и правото на глас да им се даде на сите жители на нашата земја. Поминуваат годините и убаво е да ја чуваме меморијата на тие историски мигови.

Секогаш кога сум во можност кон Скопје сакам да се враќам преку Дебар и клисурата на Радика. кога поминувам во овој преубав дел на нашата земја, запирам за миг, се загледувам кон село Броштица, кое како брош е закачено на градите на планината и му се навраќам на овој спомен.

Никогаш повеќе не отидов во Броштица…

Поглед од Броштица кон Дебарско Езеро и дел од градот Дебар

Зачлени се на нашиот е-билтен