„Ако министерот поднесе оставка, тоа би било обид да се покаже одговорност и сериозност за справување со трагедијата“, препорача Чет ГПТ и додаде дека со тоа „ВМРО ДПМНЕ би покажало висок степен на одговорност“.
Љубиша НИКОЛОВСКИ
Најдобро за ВМРО ДПМНЕ е Панче Тошкоски да поднесе оставка.
Овој одговор во форма на препорака за ПР стратегија дојде од Чет ГПТ, откако апликацијата ја „нахранивме“ со новинарски извештаи за трагедијата во Кочани за да ни даде одгвори како треба да постапи власта во вакви ситуации.
„Ако министерот поднесе оставка, тоа би било обид да се покаже одговорност и сериозност за справување со трагедијата“, препорача Чет ГПТ и додаде дека со тоа „ВМРО ДПМНЕ би покажало висок степен на одговорност“.
Се разбира, оваа комуникација, иако станува збор за вештачката интелигенција Чет ГПТ, нема претензии да ја прикаже апсолутната вистина, но во голема мерка се совпаѓа со ставот на едно сериозно мнозинство на јавноста дека со тоа и ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски би го докажале она што цело време тоа што го говорат дека се различни од сите останати Влади.
Дополнително, според некои аналитичари, партијата би добила уште 20 проценти на и онака високиот рејтинг.
Но тоа не се случи, напротив разврската отиде во сосема друг правец. Панче не си даде оставка, иако познавачи на неговата личност се уверени дека тој бил подготвен да поднесе оставка уште истата вечер, но дека најверојатно бил одвратен од премиерот и лидер на партијата Христијан Мицкоски.
Оттогаш Панче Тошкоски почна да ги гони сите оние кои на партијата и се најдоа на патот, а не беа од „нивните“ редови, сметајќи дека на тој начин ќе го избегнат судот на јавноста и дека ќе ги пресретнат нападите од опозицијата, а со тоа нема да изгубат на рејтингот.
Тоа е всушност стандардизирана политичка постапка на Балканот од сите партии додека се на власт. Но, во овој случај таа стратегија е сосема погрешна, затоа што во Македонија таква опозиција од каква се уплашила власта – нема. Доплннително, во оваа земја јавноста нема таква бунтовна свест и капацитет како во Србија за да ја здрма авторитарната власт која сѐ повеќе си ги цементира своите тоталитарни позиции.
Имаше неколку мирни собири или протести кои даваа надеж дека нешто се движи и тука на југот (ако е Северна), но за жал под разни притисоци и етикетирања и тие спласнаа.
Па тогаш кој да се бори за вистината? Кој да ѝ се спротивстави на власта ако таа само се правда, само ветува реформи и закони за да превенира нешто што можеби ќе се случи, ама не презема никаква одговорност за она што веќе се случило и тоа на најтрагичен начин, со катастрофални последици. До кога ланскиот снег ќе биде виновен за сè?
Дури ниту мејнстрим медиумите се чини не се дораснати да се спротивстават и да „копаат“ по вистината. Тоа Мицкоски веднаш го препозна, па новинарите, кои и онака срамежливо ги држат микрофоните, почна да ги укорува дека треба добро да размислат пред воопшто нешто да прашаат и како тоа ќе го направат.
Сега тоа Владата и ќе го официјализира со т.н. „клипинг“ преку кој благовремено и точно ќе знае кој медиум и кој новинар по име и презиме пишува позитивно, негативно или неутрално за неа. Што потоа ќе направи со нив може само да се претпостави, но многу потсетува на „онаа“ на Мартин Протуѓер во „бомбите“- дека „во ендек“ ќе ги фрлат неистомислениците.
Во прилог на тоа треба да се зема предвид и изјавата на „надежната“ ВМРОВ-ска градоначалничка која по кавгата со „базата“ се жалеше дека Мицкоски и се заканувал со: „Ќе те влечеме по улици, ќе бришеме под со тебе“.
Тоа не се докажа, но не е далеку од вокабуларот на премиерот што и и ден денеска го користи, како на пример: „За уши ќе ги вадиме од дома, кога говори за „виновниците“ од опозицијата, „Во чело ќе ги удриме, мислејќи на обвинителите, „Глодари“ за протестантите…и т.н.
Но. ако веќе буквално сè замрело во оваа држава, тогаш на граѓаните им останува само уште една опција во потрага по вистината, а тоа е одговорноста за настраданите во Кочани да си ја преземе државата на суд!
Секој има право како индивидуална тужба да бара оштета од државата затоа што нивните деца не биле заштитени во случајот со кабарето „Пулс“ во Кочани и поради неодговрно владеење биле доведени во небзбедна ситуација во која многумина ги загубија животите, а стотици беа тешко повредени.
Тоа можеби звучи како долг и скап процес но има извесност.
Во Македонија, постојат неколку НВО и фондации кои можат да играат клучна улога во поддршка на оштетените граѓани од трагедијата во Кочани, и тоа на неколку начини:
1. Невладини организации за човекови права – Организации како што се „Хелсиншки комитет за човекови права“ и „Мрежа за заштита на правата на жртвите“ се специјализирани за правна и јавна помош на жртвите на различни објекти, вклучително и на случаи кои вклучуваат неадекватност на државните институции. Тие можат да помогнат со правни консултации, стратегиски советувања и да обезбедат ресурси за правните трошоци.
2. Фондации за правна помош – „Фондацијата за развој на демократијата“ и „Фондација Отворено општество – Македонија“ работат на промоција на правата на граѓаните и на правото на праведност, и тие можат да го поддржат процесот со кампањи за свест и да помогнат при обезбедувањето на средства и правна помош.
3. Про боно адвокати – Во Македонија има неколку адвокатски канцеларии кои се ангажирани за про боно (бесплатна) правна помош за случаите кои вклучуваат јавен интерес и човекови права. Адвокатските здруженија како „Адвокатска комора на Македонија“ можат да организираат правници кои ќе се вклучат во вакви процеси.
4. Граѓански иницијативи – Многу пати се случува дека во вакви случаи се организираат кампањи преку платформи како „Граѓански Отпор“ или „Солидарност за правда“, каде што се собираат средства за покривање на правните трошоци на оштетените граѓани. Овие иницијативи имаат голема сила за мобилизирање на јавноста и за осигурување на финансиски средства преку донации.
Со вакви структури и механизми, оштетените граѓани ќе можат да имаат значителна поддршка при започнување на правниот процес против државата.