Инвазијата на САД најжестоко ја осудуваат лицемерите кои ја поддржуваат руската агресија врз Украина. Застануваат во одбрана на Мадуро, а го напаѓаат Зеленски.
Ацо ЛУКАРОСКИ
Неколку факти и неколку мои размислувања околу настаните во Венецуела.
1. Мадуро беше нелигитимен претседател на Венецуела. На последните избори изгуби убедливо, ама Државната изборна комисија го прогласи за победник.
2. Под водство на Мадуро, огромен процент од Венецуелците живееја само колку за да преживеат. Од најбогата држава во Јужна Америка, пред 20-тина години, денес Венецуела е најсиромашна држава.
3. Акција на Американците (сепак) не ја оправдувам. Секоја агресија на туѓа држава заслужува осуда.
4. Арно ама, ме чуди што инвазијата од Американците најжестоко ја осудуваат оние коишто ја оправдуваат инвазијата на Русија врз Украина. Застануваат во одбрана на Мадуро, а го напаѓаат Зеленски. Лицемерие 102,3%.
5. Со одлуката на Трамп да ја нападне Венецуела, паѓа во вода аргументот дека Трамп е миротворец. Многумина го фалеа дека не започнал ниту една војна, а откако тој победи на изборите, светот почна да врие.
6. Сигурен сум дека во Венецуела народот ќе живее многу поубаво отколку досега.
7. Еден факт што е многу важен, а коишто многумина не го знаат. Огромно мнозинство од Венецуелците денес се среќни што нивната држава беше нападната. На многу места во државата луѓето веќе се собираат и слават. Звучи чудно, но така е.