Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Изборите беа финале на востанието на македонскиот народ против себе!

Бранко ТРИЧКОВСКИ*

Што се случува со нашата обожувана претседателка?

Каде е?

Што прави?

Мислам, за Македонија.

Да не го пишува новиот устав во кој, конечно, ќе се знае кој е газда во Македонија?

Или нема лента и квалитетни мртовци?

Ако е  второто, нека го прати Жидас да ја извади кусата лента од кај Киро и да си ја стави преку рамото, како латино диктаторите или фудбалерите на Ривер плејт. Во тој случај, Гога не би морала да бара мртовец, понеже на снимките никој нема да познае дека Жидас не е мртов.

Или нека го замоли Ивица да се жртвува за татковината. Ивица би бил доволно убав мртовец за три дена жалост, долга лента и Ник Кејв: Смртта не е крај (Death is Not the End) – Вечно благодарна Македонија, претседателка Гордана Силјановска Давкова.
Ако има место ако не, само „Д“ од Давкова.

А можеби и Генералното собрание на Обединетите нации донело резолуција во која од претседателката на Нордот се бара неколку години да носи маска и да не ја отвора устата за да го спречи ширењето на вирусот на нестабилноста во регионот.

Откако најави дека ќе им покаже на Грците дека нема ништо лошо во тоа да си ја вика земјата Македонија, Мицотакис секој ден по пет пати ја прашува секретарката дали стигнала женската од Скопје. И ѕирка кон Синтагма од зад завесата на кабинетот. Многу е љубопитен да чуе дали Грција бадијала го заебала северниот сосед со Преспанскиот договор. Во меѓувреме, грчките ивици го известиле дека Силјановска ќе го почитува договорот од Нивици, но дека поведението на новата гарнитура во Скопја налага Грција да бара дополнителни гаранции. Можеби ќе бараат од името да отпадне Македонија, а Северна да може да биде ерга омнес, демек да може претседателката да си пее за Северна и при инаугурацијата и на веце школка и на турнејата околу светот.

Бакојани му рекла на премиерот дека Македонците нема да се смират дур не останат и без Северна.

„Немогуќе“, рекол Мицотакис.

„Да, да“, рекла Бакијани, „сто отсто“!

Хахаха!

Ова се, драги мои, последни контракции на македонскиот шупак што шиироко го отвори Љупчо Коцарев во најавата на востанието на македонскиот народ против поморот на македонскиот род односно холокаустот во коморите на сдсм и дуи.

Демек Третиот Илинден за ослободување на Македонија од својата попустливост и европска кооперативност, односно за враќање на славните патеки на смртта и исчезнувањето.

Последното востание против себе. Ослободување од државата како крлеж кој на Македонецот му ја пие крвта.

Комунистичка измишљотина!

Коцарев, се разбира, не беше автор на таа платформа, но сеедно, таа беше успешно спроведена со издашно спонзорство на меѓународниот автократизам кого го боли курот за Македонија горда и со консензуално учество на македонскиот народ и на сите негови државни инсталации со исклучок на владата.

И затоа таа беше означена како централна тврдина што мора да се освои по секоја цена. Низ комплетна кампања за предавство во која учествуваа вмро-дпмне, левица, десница, мпц со сите попови, академијата, универзитетот, медиумите, пејачите и пејачките, гатачите и гатачките, ракометарите, шетачите, алкохоличарите, глумците и глумиците, значи од 1,5 милиони Македонци 1,499 милиони души.

И, замислете: СКМ во која оцениле дека бизнис пенетрациите на дуи се опасни за македонскиот олигархизам и решиле дека е помалку лошо да останеме без држава отколку да останеме без национална доминација во диригираната економија.

Изборите беа формално финале на тоа востание на македонскиот народ против слободата!

Парламентарните избори не беа ниту парламентарни, ниту избори. Тие беа маска на четите кои вмаршираа во селото што порано или подоцна ќе биде запалено.

А претседателските беа најава за воведување на прочуениот мерит систем. Гордана е единица мерка на меритот кој ќе биде комплетиран кога Меџити и Гаши ќе ги инсталираат своите триста директори и илјада и триста началници и други мерити како први до вмро-дпмне кој ќе инсталира, не знам, можеби и сто илјади мерит кретенчуги.

Пред некој ден во Слободен печат прочитав дека „вмро-дпмне и знам сѐ уште преговараат за принципите“.

Бев на неколку од тие преговори и можам да посведочам дека исклучиво се разговара за принципите.

Особено „За принципите на човековото спознание“ дело во кое и тие како и авторот Беркли, тврдат дека „парадоксите и противречностите во кои запаѓа човековиот разум потекнуваат од погрешната употреба на нашите духовни способности“.

Хахаха!

Нема заебанции со новата власт.

Тие точно знаат како погрешно да ги употребат сиромашните духовни способности на нашиот народ и затоа го проучуваат Беркли.

Монтипајтонската димензија на смеата тука извира од фактот дека реалната грандиозност на историските процеси ја исмева умислената грандиозност и искривената перцепција на актерите.

Мицко, Гордана, Гаши и Меџити се грандиозна комбинација која покажува какви срања можат да произведат луѓето кога долго време ќе се хранат со духовни, партиски и медиумски говна.

Нема потреба да ја чекаме владата за да знаеме во кој правец ќе плови овој брод.

По една, две или три години препичувања и глуматања, Бугарите сепак ќе ги пуштат во уставното трло, Северна дефинитивно ќе биде декриминализирана, потоа уште пет-шест години ќе ја шириме преговарачката рамка од наша страна, а ќе ја, као, стеснуваме од бугарска, демек ќе се држи како илузија тоа што само до пред некој месец можеше да биде стварност, а јавноста ќе се убедува дека тоа не е изневерување на ветувањата туку дека тие тоа цело време го говореле.

Хахаха, нема полесна работа од таа да го фатиш Македонецот за носот да го влечеш и шлакардисуваш додека не ти здосади.

Можеш зад некој агол и да му го свирнеш.

Сѐ ќе биде покриено со спектакуларни апсења и процеси против главните предавници кои на крајот, сепак, ќе бидат ослободени и со држење на меѓуетничката тензија при што големото парче од власта за влен, кое во однос на тоа на дуи е како голема торта во однос на ахметскиот мафин, ќе служи за подгревање на мозокот на македонскиот глупак.

И со чекање Европската унија да ги исполни условите што и ги постави вмро: датум, гаранции, блаблабла…

Затоа, нека да се потсетиме на некои работи што сме ги пишувале пред десетина години.

Злото во Македонија не е персонално прашање, односно не е само персонално прашање, тоа е многу подлабока работа, системска, филозофска, културна, уште малку па ќе почнам да мислам – генетска! Злото не може да се урне и уште помалку може да се разгради низ процедурите што самото ги има изградено како канали со крокодили и вируси околу своите замоци!

Дојдов на идеја дека Илинденското востание, всушност, го кренале Османлиите: им дале  по некој сендвич и ефеско пиво на Питу Гули и на Никола Карев за да можат пред Европа да кажат дека имаат основа да проверат дали убавите села убаво горат, да ебнат по некоја женичка, да им ја соберат лојта на луѓето и да наберат дрва за тешката зима во Битола.

Кога ќе престанеме да се делиме ќе престанеме да постоиме. Ние сме амебичен организам. Преку делење на клетките луѓето и дрвјата растат, животните исто така. Бесконфликтноста не е идеал или ако е идеал  тој е лош и наивен или инфантилен идеал. На Македонија не ѝ е потребно замочување на конфликтите, туку критериум за квалитетен и контролиран растеж на конфликтите.

Вмро е група која ги користи сите ресурси на системот до нивото кое и правата и системот што ги продуцира тие права ги карикатуризира и претвора во терористички инструменти.

Ако изчезнувањето на една нација го ставиме на скала од еден до десет, ние сме меѓу осмицата и деветката.

*Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА (FRONTLINE). Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

FRONTLINE

Треба да знаете
Moже да ве интересира