Посвета, наместо колумна: За Надмакедонецот
Миле БОШЊАКОВСКИ
Јас сум… Надмакедонец.
Знам сè.
Истовремено сум Биг-бенг,
и потомок на сите што некогаш биле нешто,
и предок на сите што ќе бидат нешто.
Затоа сум над нив.
Над историјата, над науката, над реалноста.
Мојот идентитет е без граници.
Јас не се делам — јас ги надминувам поделбите.
Политички, етнички, верски… сите се под мене.
Не затоа што сум подобар,
туку затоа што сум убеден дека сум.
Тоа е суштината на мојата надмакедонска свест:
верувам во сè,
дури и кога не верувам во ништо.
Јас сум… Надмакедонецот.
Не обичен, не просечен, не локален.
Над.
Над сите вас… и над самиот себе.
Да, тоа сум јас — надреален продукт
на реалностa.
Знам како се прави шнапс во Германија!
Од едната страна сум Европеец,
од другата — Македонец што се гордее
што не станал Европеец.
Јас сум…Надмакедонец и јас сум најубеден.
А тоа, господо,
е најсилната форма на идентитет.
Јас сум… Надмакедонецот.