Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ќе го тужам вмро

Ме тераа да се плашам од разгорување на меѓуетничките односи затоа што се закануваа дека ќе ги испоапсат тие што сега им обезбедија двотретинско мнозинство

Пишува: Бранко ТРИЧКОВСКИ

Јас сум среќен што вмро го прифати Преспанскиот договор, еве сега гледаме дека ја прифаќаат и преговарачката рамка, го прифаќаат и Охридскиот рамковен договор, прифаќаат дека не живееме под ропство на Албанците, дека БРИКС не е алтернатива на Европската унија како што тврдеа до вчера, дека не е убаво да си седиме изолирани и да си правиме реформи во произодството на урда итн…

Но, сакам да прашам какви се правните основи да ги тужам за измама од грандиозни размери поради која во нивните блокади со тотално спротивни тези загубив две години од животот, се разболев од уплав за судбината на мојата земја и на мојата фамилија, бев изложен на големи трошоци за обезбедување на храна за минимум две години ако тие издржеа во плановите да ја цркнат државата, секој ден се будев со страв да го отворам фејсбукот или некоја друга платформа оти знаев дека ме чекаат срањата на нивните ботови и на нивните лидери против оние кои беа за рамката и клучните договори.

Ме тераа да се плашам од разгорување на меѓуетничките односи затоа што се закануваа дека ќе ги испоапсат тие што сега им обезбедија двотретинско мнозинство.

Го раскурцаа општеството, посебно Македонците (северџани, предавници, одродени души, се сеќавате, не)

Мицкоски го тужи Дерала за душевни болки, навреди, клевети, немам поим, за такви баналности, нешто напишал, не се сеќавам што, да речеме дека е несреќа или дека некоја куќа била негова, а таа не била негова оти од кај му пари да направи толкава куќетина, нормално дека е на зет му или на брат му, можеби на прадедо му, такво нешто, ситна душа, што би рекол Бранко, и мене ме тужеше дека сум сакал да го убијам (хахаха), а ваму имаме реални страдања на милиони луѓе предизвикани од организирана и систематска измама поткрепена со бројни митинзи и секојдневен терор на мрежите и телевизиите кои сега по враќањето во стварноста ќе доживеат нови шокови особено идиотите кои им поверуваа и масовно ги поддржаа на изборите.

Еве, од оваа милијардата на Орбан да ми пуштат некој милион.

Или да донесат Резолуција со која ќе ги признаат заслугите на оние кои го изборија европскиот пат на државата и ќе се извинат што цело време ги сечеа праговите на пругата кон Брисел.

А можат и да се гонат у п…у м……у.

Не им барам ништо.

И нем да ги тужам.

Како можам да тужам јато стафилококи!? (ФБ статус на авторот)

Зачлени се на нашиот е-билтен