Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кои се петте елементи на вандализмот на малите рашисти?

Џабир ДЕРАЛА

Кои се елементите на примитивната уличарска постапка на Левица со таблата на Парк Украина во Чаир? (Во Чаир се отвори Паркот Украина на 7 јуни, пред општинскиот објект, на 12 јули едната страна од таблата со натпис Парк Украина беше ишарана со спреј, а на другата беше залепен натпис Парк АСНОМ.)

Прво, тоа е вандалски чин. Но тоа, во случајов, е најмалку значајно. Може да се претпостави – среде густите испарувања од недозволени супстанци, во штабот на оваа екстремистичка група дошле до „креативно“ решение. Во една вандалска постапка да внесат повеќе елементи. Сите елементи говорат за подмолни и примитивни ликови.

2. Испраќаат порака до Москва, дека се тука, верни послушници и промотори на руската злосторничка машинерија. Кутрите мали рашисти, па Москва тоне! Ништо не им значи ова „херојско“ дело.

3. Бесрамно злоупотребуваат еден светол настан на кој се темели маледонската државност – АСНОМ. Нема потреба да се објаснува колку ова е подмолно и злобно, а истовремено плитко и глупаво.

4. Го прават тоа во мултиетничка општина, пред самата општинска зграда, да ја доведат локалната заедница во заблуда и да предизвикаат говор на омразата, поделби и тензии.

5. Тие се „бестрашни“, па се снимиле со камера и го објавиле тоа видео на социјалните мрежи. Тоа го открива нивното чувство на неказнивост, а можеби и намерата да предизвикаат уште поголем инцидент од кој ќе излезат „маченици“.

Мислено, мислено, а на крајот испаднало само – тапоглаво. Таблата ќе се поправи, а за спомен ќе остане само срамот.

ЦИВИЛ излезе со остра осуда на овој подмолен чин и ги повика релевантните институции да преземат чекори соодветни на законите. Ја повика и јавноста да го отфрли и осуди овој чин.
Се разбира, немаше место за ова соопштение во голем дел од медиумите. Мора да се чува место за криминалците во политиката, нели?

Едно е јасно. Ако институциите продолжат со вообичаената практика на молчење и занемарување и ако јавноста не го осуди ова и ваквото дејствување, екстремистите (од било која страна) ќе продолжат да уживаат во својата неказнивост. Поточно, екстремистите ќе уживаат во неказнивоста, а продолжат јавниот линч и операциите за дискредитација и уништување на прогресивните поединци и групи во општеството.

Според мене, ова воопшто не е мал инцидент, а може добро да послужи како пример што ни се случува во општеството.

ПС. Рашистичката партија со лажен назив, кој упатува на спротивна идеолошка основа, и нивното шефче ме тужеа пред некоја година. Неодамна и шефчето на нивната поголема политичка сестра подигна дури две тужби против мене (првостепениот суд експресно ме осуди). Во овој, како и во претходните текстови, тврдам дека е изнесено лично мислење и вредносен суд и нема елементи за тужба, но никогаш не се знае. Важно е, драги мои читателки и читатели, дека вие и јас не им се плашиме.

Зачлени се на нашиот е-билтен