Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Во еден коментар на фејсбук напишав дека ако Македонија не оди напред, не Курти туку и Курми ќе дојде да ви биде Бонапарте или, макар, Малапарте. Нема да ми биде тешко затоа што седум години тука се води тотална и тоталитарна внатрешна кампања против Македонија.
Само би влегол по темелната артилериска подготовка на теренот од хаубиците на Мицко, Коцарев, Ќулафкова и Кикифрики, натурлих.
Демек во остатоците од државата на која власта ѝ ги продала националните интереси, ја размакедончила и опљачкала!
Еј!
Јас тврдев дека со темелната дискредитација на владата и на власта, односно на државата, преку раширените фразетини за помор на македонскиот род и за македонскиот холокауст, за смртта на македонскиот национален идентитет, за хаосот и катастрофата, значи за оценки кои немаат врска со стварноста, а се пласираат за да создадат медиумска и менталнополитичка основа за смена на власта, нема да се урне власта, туку ќе се урне општеството и ќе се дезинтегрира внатрешната супстанца на државата.
Ќе исчезне!
И сега, дошол Курти.
Па ќе се запрашате ли еднаш има ли некакви проблеми кај вас.
Курти ви е виновен, Радев ви е виновен, Урсула ви е виновна, Макрон ви е виновен, Тричковски ви е виновен…
Говедо антимакедонско.
Мислам, овој последниот.
Само уште со Лула не сме се закачиле, односно тој се нема закачено со нас, но нема да се изненадам ако и тој пројави некакви барања во врска со рамноправноста на Бразилците кои имаат потекло од Брајчино.
Лесно ми е да замислам каква велелепна и плачипичеста одбрана ќе следи од патриотите.
Значи, не власта, туку хистеризираното општество под диригентската палка на вмро-дпмне и говното со брада од линкетринкетринке раја, ја напаѓаа и ја напаѓаат Македонија како Русите Бахмут и сега истата таа заедница која седум години вика дека ние не сме држава и не сме народ, бара истата таа држава да ги искористи своите капацитети кои овие што тоа го бараат и ги уништиле.
Што да му се направи на Курти?
Да се протера?
Хахаха!
Не велам дека власта не е виновна за многу работи, но зборувам за основните интенции, тенденции и акции кои кај власта се добри, а кај злосторничката опозиција се смртоносни.
Но, дрогираната нација мисли обратно.
Можеби Курти не би дошол или не би дошол со ваква програма да не е оваа невидена и просто нестврана хистерија околу уставните промени.
Тие што ја подготвија атмосферата за посетата на косовскиот лидер и му ја напишаа програмата, сега викаат: ма како е ова можно!
На Курти и на Курми ни е јасно дека нацијата и општеството се претворени во флотантна маса која додуше крека во својата омилена барска формација, но само тоа и само толку.
Да завршам: темата не е Курти, не е ниту Радев, туку е вмро-дпмне!
Крај!
Идемо то проќи на плочи! (Борна Сор)
Имаме свет кој се свртува од себе и престанува да се сака самиот себе. Или се сака како да е на штиците што живот значат. Ако нашиот свет мора да умре, тоа ќе биде без надокнада. Тогаш, како на крајот на бодлеровскиот пат, единствената песна која има призвук на надеж е онаа што не следи кон морето на мракот. Последното пристаниште кај што сме, ете, сами и на усните имаме не морска сол, туку вкус на нашите филозофии на декадентството, чуден вкус што го даваат нациите кои знаат дека се смртоносни за оние што ќе прифатат да умрат.
Вкусот на вмро.
И Македонците кои со радост прифаќаат да умрат ако претходно ги иницираат во вмро.
Митот за вмро и на идиотлукот од тоа срање да се направи политички концепт.
Тоа е вкусот на македонската декаденција и на закономерната смрт.
Не знам дали ова веќе сум го пишувал, но и да сум го пишувал вреди да ги напишам уште еднаш.
Македонците се како деца кои уживаат во растурањето на играчката што ја викаат Македонија.
И плачат.
Како типот од Зелената линија.
Нема кој не им е виновен.
Ништо од ова за нив не е стварен свет. Тоа е свет како воља – и како нивна претстава.
Тезата дека модерноста го успала Македонецот, а ги разбудила неговите предавници и непријатели и дека сега е крајно време тој да се разбуди и на светот да му го покаже сиот свој жар македонски, е кретенизам од висока категорија.
На трагата на нашите вековни остварувања.
Еве зошто!
Колку и да посакуваме да го поправиме пореметувањето во природната хармонија на човекот што ја создава свеста, тоа нема да се постигне со откажување од свеста. Нема враќање во невиноста. Господине Коцараев, Катице, дали се слушаме? Немаме избор освен да одиме до крај на мислите и можеби до целосна самосвест за повторно да го пронајдеме складот и невиноста.
Читате ли вие што пишува во ова филизофическо трактатче: Нема враќање, особено нема враќање во невиноста, мораме да одиме до крај.
Тоа значи да се еманципирани од себе.
Од своите фрустрации и хендикепи.
Ирвин Хау за тие национални психози и хипнози вели вака: Тој циклус почнува така што интелектуалците го критикуваат модерното општество (како денеска во Нордот, макар што тука интелектуалците се, главно, обични говњари), со тоа одат утописки и тоталитарни решенија (цврста рака, се сеќавате, не), а завршува со гадење спрема ексцесите на револуцијата, војната и тоталитаризмот (како во времето на заробената држава во груевизмот или во воениот конфликт за време на Георгиевски) и, конечно, сè се враќа во деполитизираното кралство на уметноста и идеите.
Во кое никогаш не сме биле.
Сè сме минале, драги мои, ова што се случува со уставните промени е само вртење на уште еден круг за да останеме в место, доволно далеку од брегот за да се удавиме.
Тоа е!
Хахаха!
Како да скокнеме во кралството на уметноста и идеите во понародњачената и посељачена клима во која се слушаат само зурли, гајди и тапани, пцости, закани и пискотници.
Од Галичник.
Немало да ги пуштиме Бугарите во Уставот, вмро-дпмне ќе не оградело од светот и ќе го обновел идентитетот.
Па тоа е поинфантилно отколку јас да изјавам дека говното што го испуштив во еден полски нужник во судир со површината на септикот предизвикало фузија и чиста енергија со која успеав да го осветлам целото село со можности да го осветлам и целиот Балкан.
Македонецот не гледа никаква врска меѓу истражувањето на внатрешниот простор, значи на себе, на сопствената свест, на својата улога и одговорност и исправањето на општествениот простор.
Македонецот го остава општествениот простор на власта, на партиите, на лидерите на опозицијата, на кретените маскирани во новинари, на сè што е надвор од него, задржувајќи ја за себе само улогата на пес кој лае по карванот што врви.
Или на жаба во барската формација на таканаречената јавност.
Без свест за внатрешна преобразба на луѓето нема ништо од исправање на општествениот простор.
Сузан Сонтаг пишуваше дека свеста, проширена со секс и дрога може да го исправи целото општество.
Значи дека не е доволно да се ебете или другите да ги ебете.
Или да дозволите вас да ве ебат.
Свест, другари, свест…
И по некој џоинт или макалан.
Заедно со чистење на јазикот.
Кој е расипан и оптоварен со историска акумулација.
Вели Сјоран.
Симнувањето на маската од јазикот е решение почудотворно од самоубиството, молчењето ги бута сите изрази во очите и ја открива нивната зачудност.
Јазикот ни ги мати погледот и умот и ни ги уплиткува мислите.
Можеби е тоа затоа што диференцијацијата почнала многу рано, уште во 11 век, да почнала пред еден век или малку подоцна, друга песна ќе пеевме.
Хахаха! (Frontline)