Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Која револуција ќе биде убиена по несреќата на српскиот автобус кај Евзони?
Октомвриската, Народноослободителната, Петооктомвриската, Случувањето на народот, или ова што секоја сабота се крчка во Белград и во некои други градови.
Колку автобуси и болници треба да изгорат за да се убие Путин?
Или таму треба ја пратиме елитната единица на македонските говњари, да извршат артилериска колумнистичка подготовка на теренот:
Кате, другата Кате, Горанчо, КикифрикиНес Бо.
Не Барбов.
Хахаха!
Можеби во „Дојче веле” знаат.
Прозорецот на балканските надежи и борби за слобода, демократија и правда, е претворен во отвор врз кој секоја будала од нашево калчиште секој ден кове по некоја штичка.
Земаат шајки од вмро и чекан од ману и коваат.
Не знам колку ги плаќаат, но знам дека срањето има пристојна цена.
Луѓето си го сакаат мракот, тоа е познато, сакаат да ги зачуваат своите комбуха состојби од надворешната светлина, но не е сосема јасно зошто Германците до таа мерка ги олабавија критериумите на својата уредувачка политика.
Светот е сменет и тие не можеа да останат на старите стандарди, тоа е јасно, но мислам дека наместо исчекор во либералноста, почнаа, заедно со луѓето на кои им ги пружаат своите услуги, да уживаат во репродукциите на хаосот, очајот, во растурањето на општеството кај кое развиваат некој чуден Алцхајмер кој им оневозможува да се вратат во себе, да бидат дома или нормално да комуницираат со светот.
Најлоши се умислените кои низ најдолната симплификација на западните аналитички модели, со кои ја камуфлираат својата празнотија, ја третираат единствената, без преседан ситуација во Македонија и овдешните идиотлуци, смртоносни хистерии што систематски се произведуваат во штабот на една антидржавна партија на глупавите митови, не како ненормална ненормалност, туку како политички конфликт во кој комплетната одговорност, по дефиницијата што ја застапуваат, паѓа на власта.
Тоа, според средношколската формула, навистина е така, но, според реалноста во Македонија не е точна.
Тоа е најлажната од сите лажни вести.
Таа е произведена во идејните сервисери на вмро-дпмне со помош на тоталната контрола на медиумскиот простор.
Со такви активности не се произведуваат лажни вести, тоа е ситна категорија, туку нова несвест, тукуречи, бесвест, комплетна дезелитизација на реалната структура и нејзина замена со сурогати интелектуалци кои ја објаснуваат искривената стварност во чие искривување учествувале, како нормалност која има за цел да се исцрпи себе си со смената на власта. Смртта на државата и на нацијата, на општеството, како последица на своето делување тие ја сметаат за фатализам на конзервативните сили кои се вгнездиле, внимавајте сега, во неокомунистичките инсталации.
Ај, сега, де?!
Тие анализи се од типот што во сериозната наука се вика „блаблабла”.
Порано би биле срамота за „Дојче веле”, а денеска се нешто како временска прогноза за Северна Македонија.
Има, се разбира и по некоја паметна статија, но тие немаат моќ да го преправат општиот заклучок дека редакцијата се отворила и му дава простор на секој што нема друга работа.
Ситуацијата и менталната и емотивната разграденост на луѓето секогаш го тераат народот да ја брка појавноста од која без погрешка ја бира најпогрешната тема.
Онкологија како тема во која здравството и животите на луѓето се потиснати за сметка на инструментот за соборување на власта. Пандемијата како инструмент за соборување на власта.
Како „Луј Вутон” како спотче во кое во неверојатно инфантилна инсценација, наебаа Катица и СЈО.
Се сеќавате, не!?
Луѓето паднаа во транс.
Така е и сега.
Неверојатни сили и пари се вложуваат за да се покаже дека владата си донела измени кои ќе ја спасат од одговорноста со која им се заканува Мицко кој, пак, обезбеди кворум за тие измени. Добро, значи дека нема да бегаат во гепеци. За луѓето од власта ќе видиме, но веќе сега е јасно дека од тие измени најголем ќар ќе имаат членовите на вмро.
Дали е тоа направено во замена за уставните промени?
Ќе видиме.
Но ако е да, тогаш тоа мора да се поздрави затоа што нема друг начин да се деблокира државата.
А мислам дека и во правна смисла е океј ако се обезбеди враќање на имотот стекнат со злоупотреби на службената должност.
Кој курац државата добива ако 60 години ги чува в затвор Сашо, Орце или Тричко?
Тие што го критикуваат решението го подготвија теренот тоа да се донесе.
Како тоа не се разбира?
Тие ја капацитираа деструктивноста и смртоносноста на вмро и ја декапацитираа европската ориентација на власта.
Така е или не е така?
Централната тема за уставните промени се покрива со рузмаринот на вмронските баналности.
Не знам дали ова уредникот ќе го пушти, но морам да кажам дека ме боли курот за вашето мислење.
Ни фали реален поглед на нештата.
На самите себе, на комшиите и на светот.
Живееме во лажен свет.
Вмро е лажно.
Светот за кој вмро јаде говна е лажен.
Историјата на вмро е лажна.
Историјата на Македонија е полна со лаги.
Обаче, не сме сами.
Во светот има арбитри кои кажуваат што е што.
Имаат лиценци за тоа.
А за Македонија под вмро кажуваат дека е особено глупава и смртоносна идеја.
Не можете со вмро да изградите држава како што со членска карта на вмро не можете да влезете во европски нужник.
Ќе се посерете во гаќи!
Тоа е.
Лајф из гуд (Лазар Попов)
Извор: Фронтлајн