Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонски парадокс: Зошто не можеме да се распаднеме!?

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Процесот на распаѓањето на општеството се развива со таква брзина што секој миг ја губи моќта да ја распадне Македонија. Колку е побрз процесот на распаѓањето, толку се поголеми шансите да не се распаднеме. Можеме тоа да го формулираме како „Македонски парадокс“. Процесот се атомизира и се декапацитира. Нема сила.

Така пишував пред десетина дена.

Во меѓувреме, во општа хистерија се случи атомизирањето на темата за родот и полот, екскурзијата на вмро-дпмне во Брисел за време на која портирите во Берлимон со мочка им ја разблажиле киселината со која ја нагризуваат Македонија, па дојде фијаското на фестивалот на руските налепници, што сѐ заедно беше потврда дека основните тези во „Македонскиот парадокс“ се многу точно поставени: шансите за распадот на Македонија се обратно пропорционални на страста на Македонците да го кренат потонатиот „Титаник“ на својот идентитет.

Идемо то прочи на плочи (Борна Сор, Прајм тајм).

Ѝ ставив топломер на Македонија.

Во газот, нормално.

Велат дека во таа дупка се добиваат најточни резултати.

Триесет и осум со два (38,2).

Толку ми покажа жолтиот топломер што го бев купил во Бриколаж.

Тоа е височка температура, но за два-три степени под нивото што беше пред протестите на МПЦ на чело со поглаварот без руска налепница и на Катица Ќулафковаја.

Која ги обожава Шопен, Бетовен, Брамс и, особено, Вагнер.

Без Папокот на светот, интересно, и без православниот великомаченик од Струмица.

Како се викаше не знам, но знам дека во првата наредна тура ќе го прогласат за Свети Костадин.

Се плашам дека ќе биде посна слава.

Но, јеби га, великомачениците не се жртвуваат за да можеме ние да ждереме, туку за идејата на Господ, на Исус Христос, нашиот единствен богочовек.

Спасителот наш.

Без нив двајцата и со студениот бран на баграта што мислеше дека беше собрана за вмро да се врати на власт, односно дека родот е кога вмро е на власт, а полот кога власта ја ебе опозицијата на комуњарите и другите нормални, никој не можеше да очекува повисока температура.

Сакам да кажам дека Македонија истинува.

Со тенденција да стигне до некоја нормална вруќина меѓу 36,3 и 37,1 степен Целзиус.

Тоа е како кога доктор излегува од собата на болната и вика: се извлече, за некој ден ќе може да ора, да копа и да ја ебат, ко никогаш да не била болна.

Сѐ што ѝ пружа родот и полот.

И не само што ѝ пружа туку и ја обврзува.

Во бракот како легална проституција.

А домаќините викаат: „Фала докторе, господ да ве благослови, ајде една ракиичка за здравје на болната и на сите и коцка битолски локум со ореви и чаша студена вода.“

„Фала, фала“, вика докторот, „морам да одам кај други пациенти, да сте живи и здрави и, да, ќе заборавев, турајте ѝ облоги од јаболков оцет на челото и троа парацетамол од разум ако има некој паметен во куќата.“

„Имаме, докторе како немаме, внукот ни е член на вмро-дпмне.“

„Тогаш е подобро да останете само на оцетот, ај со здравје!“

Сакам да кажам дека внатрешниот конфликт го доживеа својот шпиц поради неколку работи:

Прво, мислам дека вмро-дпмне ја однесе својата клучна тема за идентитетот во зоната на баналноста, на загубената резонанца со заситеното општество, тие го достигнаа својот врв и сега се тркалаат од другата страна на планината обидувајќи се да се задржат на некои дренчиња, трнинки и други грмушки додека долу во подножјето ги чекаат спасувачките екипи на полицијата, противпожарните бригади и горската служба за спасување.

Тоа е последната песна на вмро.

Други ниту знаат ниту можат да научат.

Немаат талент, во Свети Николе викаат – не ги бива.

Македонија не е Челзи, но, мислам дека би можеле да ги ставиме на трансфер листа.

Нека потпишат за Русија.

Голема земја, има за уривање ехехе…

За кој курац ти е вмро ако Македонија има европски сертификат дека постои.

Тие се веќе сега како некоја чивава која да сака да ја ебе слоницата на нашата слатка Татковина.

Единствена шанса им е да најдат нешто со што прифаќањето на уставните промени ќе можат да го прикажат како успех на вмро. Како оправдување на блокадите. И плус за кревањето на рампите. Некое зборче, некоја финеса во формулациите, нешто такво…

За милион евра јас би можел да им напишам волшебно решение со кое ќе ја преживеат својата бесмисла и злостор.

Втор елемент е однесувањето на власта, посебно на Ковачевски, Маричиќ, Османи и Битиќи, кои во крајно неповолни услови, во атмосфера на вештачки произведена хистерија, нихилизам и очај, ја задржаа ладнокрвноста и ја буткаа својата агенда вклучувајќи ги и контактите со вмро, без ниту најмала корекција на основната ориентација кон Европската унија.

Мислам дека заслужуваат големо признание.

Тоа не значи амнестирање од одговорностите на власта за низа други прашања, но и признанија за трети, како што е стабилноста, мирот, макроекономската поставеност, снабдувањето, исплатите, високото ниво на инвестиции, странски и домашни итн.

Не е лесно денеска во Европа, па и во светот да бидеш оаза на мирот.

На трето место е меѓународниот фактор при што мислам и на Европската унија и на САД кои вложуваа и вложуваат максимални напори за тоа внатрешниот конфликт да не се одразува врз европските перспективи, врз почетокот на преговорите, односно да не ги кочи преку одредена временска рамка што на вмро им е оставена како простор да ја исцрпат сета своја глупантропност и злоба, антиевропскост и руска налепеност, уставните промени со вклучување на Бугарите и некои други заедници во преамбулата.

Со сите гаранции за идентитетот.

Четвртиот фактор се граѓаните. Не би сакал ова да звучи патетично или додворувачки, тие ја достигнаа горната граница на трпеливост и издржливост на темата за идентитетот која на така безобразен, едноличен, манипулативен и прекукурчен начин ја водеше товаришот Мицко.

Со поголемо внимание ги гледаат временските прогнози отколку повиците за предвремени избори час поскоро.

Петтата работа е дијаметралната спротивност на ситуацијата во Македонија, безмалку во сите области, од таа што во кампањата на неуките или корумпирани медиуми, се прикажува. Јас можам да ви кажам дека Македонија е една од десетте најдобри дестинации за живот во Европа. По сите параметри, а особено по параметарот квалитет на животот, во замена за вложениот труд. Плус климата, мирот, стабилноста итн.

Останува потрагата по начини на кои можеме да го совладаме срамот кај оние кои на крилата на својата разочараност од распоредот по Шарената револуција, последниве неколку години решија да ја уриваат Македонија мислејќи дека ја уриваат власта. Ширеа безнадеж и се радуваа на секој проблем. Со надеж дека за време на смената од масата ќе им падне некое бутче. Слатки мали кутриња. И кучки. Сѐ ми се чини дека кучките беа главни во таа претстава.

Нека не се плашат.

Срамот треба да го претворат во погонско гориво за своите нови пласмани.

Со кои ќе ги откупат своите гревови.

Се доближуваме до помирување кое ќе биде различно од патетичните проекции во кои се бараше да се обединат говната со парфемите. Не, нормалноста, пристојноста и европскоста ќе победат и од позиција на победници ќе ја пружат раката на помирувањето на сите освен на најголемите злосторници и поборници и извршители на разнебитувањето на Македонија. На луѓето со руски и други маркички. Па дури и две третини од нив нема да ги пратиме затвор. Ќе бидеме фини. Ветувам. Кикифрики, на пример, ќе го вработиме како државен риболовец за плата од петсто евра и обврска секој ден да лови пет тона риби. Ванковска може да рекламира костими за капење, посебно бикини и танги, Тања Каракамишева-Орал Б, паста за заби, Ќулафковскаја најнови видови маскари и креони. Коцарев би имал норма да изниже триесет низи тутун на саат во некое албанско семејство.

За храна и цигари.

Итн.

Мицко би бил пилот на подморница за чистење на дната на македонските хидроцентрали од мил и неексплодирани мини од времето на револуционерната борба на македонскиот народ против слободата.

Кој курац би правел Мицко на суво.

Во Новата ера.

Тоа е, драги пријатели, мислам дека имате убава општа основа да појдете радосни на годишни одмори кај „клетите душмани“ во Грција, Бугарија и Албанија. Тие беа „душмани“ во времето кога Македонците си беа најголеми непријатели. Кога вмро, а и неукоста на другите делови од политичкиот спектар, ја беа вовлекле нацијата во усраноста на сеопштата конфронтација односно во предворјето на смртта. (Frontline)

Зачлени се на нашиот е-билтен