Со оваа своја изјава Мицкоски отвори фронт со еден од најуспешните европски политичари. Мицкоски изгледа не е информиран дека Мицотакис ќе биде главниот преговарач на Европската народна партија (ЕПП) од десниот центар на ЕУ по европските избори на 9 јуни, а оваа своја привилегија тој ја доби затоа што Нова демократија во моментов е најсилната централно-десничарска партија на власт на национално ниво во змејите членки на ЕУ.
Зоран БОЈАРОВСКИ
За Христијан Мицкоски, пратеник и иден премиер, името на нашата држава што тој ќе го користи како негово загарантирано право со многу конвенции е за правото на слобода на изразување и на говор е и ќе остане – Македонија.
Во изјавата на прашањето како ги коментира реакциите на грчкиот премиер и на другите високи претставници на владата во Атина, Мицкоски потсети дека тој одговор на ова прашање дал „уште пред неколку недели, што се однесува, би рекол, за хистеријата што се случува кај нашиот, претпоставувам дека тоа е дел од нивната предизборна кампања“.
Мицкоски уште додаде дека „не очекува талибански однос, цензурирање на елементарното човеково право“.
Што се однесува до содржината на Преспанскиот договор, Мицкоски рече дека договорот е „дел од нашиот правен систем и уставен поредок, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува. Вклучително и решенијата за пратеници коишто ги добивме со придавката. Вклучително и предлог законот којшто денеска го доставувам, е со придавката вклучена во него“.
Мицкоски уште еднаш повтори дека кое име ќе го користи за земјата е негово „човеково право, загарантирано со многу конвенции е правото на слобода на изразување и на говор“ и дека тој „не им се лути на политичарите кога не го кажуваат целото и потполно име на нивната држава, туку едноставно крајот или дел од тоа име“, алудирајќи дека и тој ќе го користи крајот од уставното име на Република Северна Македонјија, односно – Македонија.
Идниот премиер, сега пратеник, одговори и каков ќе биде неговиот одговор, доколку ова прашање се отвори и на претстојниот сами на НАТО.
„На самитот во НАТО, ако се отвори тоа прашање, мојата порака ќе биде дека јас би сакал да градам мостови на пријателсто и соработка со нашите соседи. Македонските граѓани се мирољубиви луѓе, гостопримлив народ, така се однесувале. Очекувам така да се однесуваат и нашите соседи, да соработуваме и да негуваме добрососедски односи“.
Со тоа, и Мицкоски, како и претходно претседателката Силјановска Давкова, испрати порака на „љубов, мир и хармонија“ (Love, peace and harmony), небаре живеат на некој утописки остров каде сѐ што ви треба е љубов и разбирање (All you need is Love and understanding).
Како деца на цвеќето, Flower Child.
Ама со боцки, зашто Мицкоски не заборави да повтори: „Ќе повторам, нити талибански имам намера да однесувам, ниту очекувам во 21 век талибанксо однесување од било кој политичари“.
Ете така, малку цвеќе, малку боцки… Човек да се запраша кој кого овде д… Или, дали се овие толку наивни, или се до толку „префригани“, односно мангупи (ем вмровчиња, ем мангупчиња), за да нѐ убедуваат дека ова двојство, оваа поделеност на личноста, може да помине, па дури и да има успех во односите и во разрешувањето на компликацијата што ја создаде Мицкоски и лидерството на неговата партија со Грција.
Со оваа своја изјава Мицкоски отвори фронт со еден од најуспешните европски политичари, кој дома, во Грција, ја изведе земјата на патот на прогресот, откако се извлече до должничката криза по претходните првични резултати на иницијативноста на Ципрас.
Мицкоски изгледа не е информиран дека Мицотакис ќе биде главниот преговарач на Европската народна партија (ЕПП) од десниот центар на ЕУ по европските избори на 9 јуни, а оваа своја привилегија тој ја доби затоа што Нова демократија во моментов е најсилната централно-десничарска партија на власт на национално ниво во змејите членки на ЕУ.
Не е Фидес на Орбан , ако така си мисли Мицкоски.
Во изјавата за грчките медиуми како се случи да ја добие честа да биде преговарач во име на ЕПП по ЕУ изборите, Мицотакис одговори: „Нашето мислење е важно (мислењето на Неа Демократија н.з.), важи и во ЕПП што е добро за Грција“.
Епа, повели Мицкоски, разговарај со Мицотакис за градење на мостови за пријателство и соработка и повели, биди мангуп кој ќе му објасни што е тоа твое лично право, а што право и одговорност на премиер на држава којшто почитува Устав и закони и меѓународно верификуван договор.