Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски „им оддаде признание на сите поранешни премиери“ за реформите на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски по враќањето од САД задоволно објасни зошто го подржал американскио потпретседател Џеј Ди Венс на Безбедносната конференција во Минхен.

„Ако некому му пречи тоа што го кажа Џеј Ди Венс… и на мене ми пречи што 20 години не можам ниту милиметар да се мрднам, не затоа што не сум добар, туку затоа што некој треба да решава прашања од 10-ти век во 21-от век. Треба да си ја кажеме вистината“ рече Мицкоски.

Од ова произлегува дека Мицкоски смета дека Македонија е добра и дека заслужила за овие 20 години да мрдне милиметар напред.

Но, ајде да си ја кажеме вистината како што вели Мицкоски.

Дали тој верува дека Македонија напредувала во реформите овие изминати 20 години?

Ако е така тогаш тој им оддава признанание на сите премиери и Влади од осамостојувањето наваму.

Тоа би значело дека Владите на Никола Кљусев, па потоа на Бранко Црвенковски, на Владо Бучковски, на Хари Костов, на Љубчо Гепргиевски, на Никола Груевски, и секако на Зоран Заев и последно на Димитар Ковачевски, биле успешни во подготовките на државата за полноправно члнство во ЕУ!

Ваквото признание од страна на Мицкоски е револуција во политичките односи во Македонија и заслужува внимание. Тоа би било нешто како „новото ненормално“ на македонски начин.

Но, она што збунува е што самиот Мицкоски до вчера (и денес сѐ уште тврди) дека Македонија назадува(ше) во реформите. Барем додека тој и ВМРО ДПМНЕ не дојдоа на власт. Но, тие не спаѓаат во оние 20 години за кои сега говори премиерот.

За иронијата да биде поголема, видни членови на ВМРО ДПМНЕ јавно го подржуваа ветото на Франција во 2020 тата, објаснувајќи дека Македонија не е спремна за членство.

Ако сега за неполна година владеење на ВМРО ДПМНЕ сме целосно реформирани, тогаш нјадобро е веднаш да пристапиме кон втората фаза од приближувањето до ЕУ и да ги почнеме преговорите кои оваа Влада ги блокираше.

За тоа не треба многу, само промена на Уставот и ставање на едно или две малцинства во прамбулата, а меѓу нив и бугарското.

„Верувам дека со контактите што ги имаме со најблискиот периметар на претседателот Трамп можеме само да добиеме, а не да загубиме. Билатералниот спор што го имаме со нашиот источен сосед е спор што нема никаква врска со вредностите на 21 век и сметам дека треба што поскоро официјално да ги започнеме преговорите со ЕУ, кои се дел од овој билатерален спор“,  кажа Мицкоски на вчерашната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали верува дека новата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп ќе може да ѝ помогне на земјата „да го реши спорот со Бугарија“.

Сепак не откри што најблискиот периметар на Трамп му ветил како САД ќе помогнат во убедување на Софија да даде гаранции дека нема да прави дополнителни  проблеми во натамошниот процес на преговорите.

Зачлени се на нашиот е-билтен