Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мисловно и вербално ѓубре го погоди Скопје в лице

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Кога човек ги гледа, кога човек ги слуша, во една работа се доследни. Никој подобро не знае да инструира и сплеткари од кликата на Мицкоски. А потоа, ти, братко мил, чешај се по главата како да го обработиш тоа ментално (и физичко) срање. Таквото срање невозможно е да го рециклираш, фрлиш или покриеш со саркофаг за да ја запреш радијацијата.

Ситуацијата во градот Скопје е очајна, барем од тоа што го читам и тоа што со мака и страст ми го зборуваат моите пријатели. Единствената и најголема „комунална партија“ ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Мицкоски, имаат проблеми со својата избраничка, градоначалничката на Скопје. Градоначалничката на Скопје, пак, Мицкоски го нарекува „најголемо криминално ѓубре“, што би значело дека и таа има проблем со Мицкоски. Ама, каква врска имаат граѓаните на град Скопје со нивните кавги и финансиски пресметки? Практично никакви. Тие, граѓаните на Скопје, си ги плаќаат своите комунални услуги, а за тоа, би требало, ѓубрето кое го произведуваат уредно да биде дислоцирано од нивните непосредни живеалишта. И тоа практично е цела филозофија.

Знам дека ова може да ви изгледа како некоја измислица од нашите опскурни десничарски курири, ама не е: комуналната партија на Мицкоски навистина постои и работи со полна пареа. Додуша, работи со „хоспитализирани пациенти“ за „наше добро“. Оние кои од дрвата не можат да ја видат шумата, може сега да ни речат дека не треба многу да се вознемируваме и дигаме џева во внатрепартиските срања на најголемата комунална партија.

Да потсетиме: не се работи овде за некој поднапиен дилбер од некоја локална биртија, туку се работи за официјална и избрана шефица на град Скопје. И не се работи овде за некој локален селски мачо-мен со буздаван размавта в рака, туку се работи за лидер на најголемата опозициона партија. И овие постапки на еден градоначалник на Скопје и лидер на ВМРО-ДПМНЕ не може да биде целиот контекст во македонската демократија, затоа што во демократија вакви работи се далеку од замисливи. Вакви „суртучки“ работи со демократијата се неспоиви, и за тоа постојат предобри причини.

Овие дилбери, имено, мислат дека од нив сè почна, а тоа кое беше пред нив, практично не постои. Невозможно е поинаку да се објаснат работите кои се противат на елементарното егзистенцијално искуство ама баш на секој еден граѓанин во Македонија, па дури се противат и на здравиот разум. Или сега треба да прифатиме здраво-за-готово дека до пред само неколку години во Македонија немаше Комунални претпријатија, канти за смет, комунални работници, ѓубретарки, патишта и автопатишта? А веројатно немаше ниту пруги, водоводи, греење…

Тоа е возможно ако тргнеме од претпоставката дека не немаше ни нас, и дека ние сите сме родени вчера, или можеби Мицкоски и Арсовска нè измешале од некој магичен коктел и нè создале токму вакви и токму денес.

Човек нужно се чувствува по малку идиотски кога го притискаат да повторува ноторни работи, ама изгледа заглавен во вакви идиотштини не се може поинаку – дотука, ете, дојдовме. Па добро, еве: пред Арсовска беше Шилегов; и тогаш имаше канти за смет, имаше Комунално претпријатие, комунални работници, ѓубретарки, вода, струја, греење… Сè што денес има, имаше и со Шилегов. Еве, што има со Арсовска, што има со Мицкоски? Што изградија, што направија? Или може очекуваат орден и доживотно владеење само затоа што понекогаш, кога не се зафатени со своите бизниси, работат и јавни работи?

Добро, ама дали им верувате нешто на овие луѓе? Јас ништо не им верувам. Ако им верувам, значи дека јас сум во клинички конфликт со реалноста. Ама кловновите и штипките за подигнување на панталони околу Мицкоски и Арсовска, построени еден до друг, мора да ја затрпаат оваа земја со ѓубре, лаги и бизарни работи, затоа што тоа во еден момент станува единствен начин за да се задржат на седлото и точакот да врти понатаму. Ама тоа обично не трае долго, па пропаѓа во иста ништожност од која се набрани. (Извор: Frontline)

Треба да знаете
Moже да ве интересира