Она што го нарековме „јазик на незадоволство со постоечката состојба“ ја опишува епидемијата на негативностите со чие ширење она што некогаш се нарекуваше непријатност во културата, се заострува во бунт во неуспешната цивилизација
Пишува: Бранко ТРИЧКОВСКИ
Се соочуваме со негативизам чија феноменологија сосема спорадично се истражува додека терапијата и политиката тапкаат во место.
Во есејот „Изгледите за граѓанска војна“ Ханс Магнус Енцесбергер создава панорама на запуштено насилство кое го собира под насловот „Молекуларна граѓанска војна“.
Тој пишува за феноменот на аморфниот негативизам, значи за екстремизмот на поединци и групи кои одбиваат пошироки координации, а јас ги користам неговите и на Слотердијк забелешки за да проговорам по кој знае кој пат за систематскиот негативизам на вмро и на говњарите од една инсталација која вика дека била левица.
Колку што сум јас девица.
Затоа што во суштината на нештата нема разлика меѓу францускиот негативизам и екстремизам од Париз и вморонскиот негативизам од центарот на Македонија. Мислам, во мотивацијата и идејата, а во еден добар дел и во операционализацијата на омразата.
Кај Енцесбергер, типичен гест на таа војна и на нејзините војници е бесцелното пустошење на теренот кој е само на изглед „сопствен“.
Знаците на „молекуларна граѓанска војна“ од почетокот речиси незабележливо се умножуваат: сè повеќе ѓубре по улиците, испокршени пивски шишиња по коловозите и тротоарите, отфрлени шприцеви по парковите, монотони графити. Со време, симптомите на разорувањето доаѓаат до критичен праг: уништен школски мебел, избушени гуми, запалени автомобили, кога станува јасно дека тука свои знаци поставува јазикот на незадоволството со постојната состојба.
Имавме и имаме такви изливи, не?
Палежи, лажни бомби по школите, односно предизвикување паника, паника за време на пандемијата кога докторите беа прогласувани за убијци, уништени споменици, цел еден град (Скопје 2014) како невидено урбанистичко, архитектонско и културно и социјално насилство и пљачка, превртени и запалени контејнери, блокадата на метрополата, блокадата на евроинтеграциите…
Енцесбергер забележува дека на почетокот на „молекуларната граѓанска војна“ се манифестира „бес против она што е неоштетено“, „омраза кон сè што функционира“, бес кон постоечката состојба „која е нераскинливо поврзана со самоомразата“.
Не е тешко да се забележи идентичност со ставовите и политиките на вмро и линке.
Тој уште тогаш (1993), забележал дека телевизијата е тесно поврзана со сите форми на практикуваниот вандализам бидејќи таа функционира „како еден огромен графит“ што на ѕидот го нашкрабале гневните полулудаци кои знаат како со помош на пивско шише наполнето со бензин, запалка и пресретливи камермани, да стигнат во вечерните вести.
Кај нас, чипираните немаат потреба од бензин, тие самите се бензин, а за појава во вечерните вести или во „Само срање“ на еден канал, доволен е еден телефонски повик од штабквартирата на негативизмот.
Она што го нарековме „јазик на незадоволство со постоечката состојба“ ја опишува епидемијата на негативностите со чие ширење она што некогаш се нарекуваше непријатност во културата, се заострува во бунт во неуспешната цивилизација.
Тоа кај нас се вика борба за предвремени избори, час поскоро.
Седум години трае тој час.
Хахаха!
Сартр рекол: Кој своите непријатели ќе ги натера на тотална коегзистениција, ќе се погрижи секој поединец да го тресе треска на индукованото незадоволство спрема своите.
Затоа нема никаков договор за што било, со тоа што добрата волја кај левицата резултира точно со последиците кои ги опишуваат Сартр и Слотердијк.
Стариот грев на левицата беше во тоа што не сфати дека нема шанси никаква политичка опција, која не разбира дека смислата на општествената организација мора да биде ограничување на оптоварувањето на човекот со човек, а новиот грев е во тоа што во името на единството на нацијата и на помирувањето, одбија да го победат злото односно да сфатат дека помирувањето и единството може да го оствари само победникот, а не раширените раце на љубовта и пропуштените медиуми на опозицијата.
Таква е смислата на политиката од нашите времиња.
Ксенофобијата на десницата е калап во кој се влева мизантропската плазма. Всушност, социофобичната-мизантропска тенденција е присутна и кај левицата, но неспоредливо повеќе и поизразено кај десницата. Кај која ништо друго и нема.
Во сите опортуни идиоми таа беснее против наметнување на коегзистенција со било што и со било кого. Само епидемиски аморфен вандализам овозможува таа негативна исконска супа да избие на површината. Благодарејќи и на неа примарната чиста и неублажена мизантропија, бескрајното незадоволство со современиците и општеството, дури и со постоењето на светот воопшто, може да се прикаже како радикално однесување. Притоа се покажува дека самата мизантропија е специфичен облик на аморфна негативност, непријателство спрема светот и спрема постоечкото во целина, смета Слотердијк. Таа ја изнесува на видело аверзијата спрема наметнувањето на егзистенцијата и коегзистенцијата како такви.
Не се сака да се видат мрачните аспекти на мизантропското расположение, ниту во себе ниту во другите.
Македонците можат да бидат меѓу првите што ќе го почувствуваат мирисот на тоа говно.
Само уште малку трпение, господа.
По враќањето на дуфузно-универзалното ниво, гневот ја губи секоја можност да биде собран, трансформиран и обработен. Тој повеќе не знае за тесната поврзаност на чувствата за вредност, за вистинскиот сензибилитет и способноста за индигнација – таа матрица на демократската култура за иритација. Од тој момент, гневот се срозува на суптимотичко ниво од кое повеќе не може да поаѓа во истакнувањето на сопствените вредности и на сопствените барања.
Тоа во Македонија може да се случи ако екстремистите и негативистите ги прошират своите интереси за светските теми какви што се војната на Блискиот исток, во Украина, изборите во САД, климатските промени, освојувањето на вселената и сл. И ако уште малку се задржат во позиција да мразат сè живо и неоштетено и функционално. Ако го прецицаат со омразата полниот сунѓер на општеството.
На „дното“ на најмрачната форма на гневот се буди, дифузно и неартикулирано, желба за крај на понижувањето од реалноста. Станува збор за екстремизам на заморот – за радикалната тапост која одбива секакво обликување и култивирање. Неговите агенти најрадо не би сториле ништо ако, ако се прават мртви, би можеле да излезат од котелот на неуспехот. Кога удираат околу себе за да уништат она што случајно им се нашло на патот, тоа се случува како во странски јазик на гестови во чија смисла и самите не веруваат.
Тоа може да се случи кај нас.
Вмороните да се прават мртви, за да излезат од котелот на неуспехот.
Проблемот во Македонија е тоа што тие екстремисти се обединети во една, односно две партии.
За вистинска молекуларна војна може да се говори ако формираните страни на борци истапат една против друга како спротивставливи реалности.
Таа Интернационала на оние на кои другите луѓе им здодеале, егзистира во постојано саморасточување. Од ноќ во ноќ таа се распаѓа во милиони изолирани анестезии, секое утро се симнува од дневниот ред, себе и своите барања.
Ниту едно конститутивно собрание не би било во можност да даде содржина и форма на нејзиниот неизмерен протест против состојбата на нештата. Во принцип, членовите на таа Интернационала не ги привлекува идејата за организирано собирање. Но, секоја форма на намерна кооперација со оние кои им се слични, би значела чекор кон трансценденција, неумор и непобедливост.
Тоа во Македонија тие го имаат остварено. Со некое мое претчувство дека секоја ноќ по малку се распаѓаат и секое утро се будат со анестезирана или дифузирана страст. Идејата и моќта на лагата за националниот идентитет отстапува како исцрпена категорија и на нејзино место настапува стравот што се шири како негативизам преку лажните вести и афераштвото преку медиумите.
Другата страна не успеа да ја засили својата организација на носечката тема за Европа, обратно, ја ослабна, нема инструменти за комуникации на своите политики, редовно влегуваат во медиумските шеми на вмро, кадровски се слаби на малку поширок план, доктринарно се необучени… А друга надеж Македонија нема. Никој не сака да ја каже вистината за можната победа на тие што мразат сè што постои, што не е оштетено и што функционира. Претседателот смета дека нема да биде нарушена стабилноста и безбедноста, другите зборат за некаква изолација со која можеме, со големи жртви, да се избориме, а јас викам дека ќе влеземе во последното одделение пред конечната имплозија на оваа преубава земја и питом народ со слаба политичка и општа култура која ќе биде основна причина за поразот од една мала група чипирани идиоти добро сервисирани од надвор. (Frontline)