Бранко ТРИЧКОВСКИ
Со задоволство ја прочитав колумната на Колбе за некои важни аспекти на проектот Скопје 2014. Културно, аргументирано, емотивно, по мерка на пристојноста и возбудата од злото кое им е нанесено на нашите луѓе во странство и на нас тука.
На Македонија и на македонскиот национален идентитет.
Иако тоа не е директно кажано, колумната ја разбрав и како став дека тоа што се случи со тој монтстуозен проект не смееме да го третираме како завршена работа. И затоа си земав слобода да повторам некои мои ставови и да се заложам да формираме движење кое ќе се заложи за комплетна ревизија на тој проект со ангажирање на врвни странски стручни луѓе.
1. Скопје 2014 културоциден проект кој на тековен план требаше на светот да му покаже дека заедницата која може да си дозволи таков урбанистичко-архитектонски и политичко-административен масакр, нема елементарни предуслови да биде нација и државотворна вертикала во Република Македонија. Тоа не е теорија на заговор туку заговор во пракса.
2. Во поблиска и подалечна перспектива проектот беше осмислен да биде збирка на артефакти кои на идните истражувачи непобитно ќе им покажат дека во долината на реката Вардар, на преминот на вториот и третиот милениум, живеела заедница на идиоти кои по сила на историските прилики успеала да формира држава и смртно билна нација.
3. Фактот што истражувачите нема да наидат на никакви знаци на отпор ќе ги потврди нивните основани сомневања за примитивното ниво на луѓето што оваа чудо го изградиле и на луѓето кои дозволие тоа да се изгради.
4. Конечно, особено дисквалификаторски за општите работи ќе звучи и фактот дека луѓето и властите десетина години по изградбата на оваа грозотија не презеле ништо тие чиреви и лезии врз лицето на градот, државата и нацијата да се отстранат. Односно тоа што го презеле или преземале, не дало никакви, ама баш никакви резултати.
5. Скопје 2014 е пластична операција за трајно огрозување на Македонија. Државата и нејзината метропола свесно, значи намерно, со идеја, се претворени, ако може така да се каже, во сексуални партнер(к)и со кои никој не сака да легне затоа што со својата грозота предизвикуваат ерективни дисфункции и други комплекси кај потенцијалните љубовници.
6. Скратено, тоа беше специјална операција против Македонија, осмислена и темелно спроведена. Без тенкови, топови и дронови. Смртта на македонската идеја беше остварена на огромна радост на мнозинството Македонки и Македонци, што ебтема за посебна анализа.
7. Тоа, пак, е нов доказ за флотантноста на масата која сакаше да биде нација и држава ама не можеше да одолее на искушенијата на слободата да се глупира и да ја глупираат. За малку ќеиф да ја прикажат како историски и културно поткапацитирана за држава и нација.
8. Освен срамот за кој пишува Колбе, тој проект на тековен план влијае катастрофално брз естетското и културно формирање на генерациите и на нивната ментална ситуација затоа што ги положува во тотална дисхармонија со надворешноста, со улиците, плоштадите, спомениците и тоа страшно делува врз психата на луѓето. Еден дел од причините за тоа што го викаме општо оглупавување и полудување на народот е Скопје 2014. А една од причините за неговата изградба беше токму тоа.
9. Имаше реакции, не е дека сите молчеа. Распеани скопјани беа прва точка на тој отпор. Потоа се јавија и други поединци и тела. Мислам дека реагираше,и здружението на архитектите. Имаше трибини. Жилник и Буден беа убиствени. Но, како, да кажам, се некако со некаква комоција, дистанца, морализам, со внимателност да не се претера во откривањето на вистинската природа на проектот.
10. Се извинувам поради непедантноста, но мислам дека вистинската смисла, длабочина и ширина на тој проект за промена на македонскиот идентитет и за негова карикатуризација, пројавија професорот Грчев, докторот Тричковски и уште некои луѓе кои ќе ги наредам во некоја друга прилика. Имаше осуди и сериозни огради, но категорилност – не. Таквиот благ инклузивен однос кон тоа зло е една од најголемите грешки на Заев. Неговата намера беше благородна толку многу што не успеа да ја сфати длабочината на злото што го носи овој проект.
11. Не смееме да сметаме дека таа работа е завршена. Во моментот народот нема деловна способност ниту дуќанот да си го откопча, но не е потребно многу да се крене во мислата, да ја сфати загубеноста кон која го носи вмро. Мораме да се залагаме за тоа светска архитектoнска канцеларија да изготви план, програм и оперативна задолженост за отстранување, пренамена и преобликување на објектите од оваа чудовиште. И за затворање на вмро-дпмне како инспиратор, организатор и реализатор на оваа најголемо мирновременско зло во повоена Европа.
Со утврдување на одговорности во обновени или нови процеси.
Инаку можете да напишете во преамбулата што сакате.
(Извор: facebook.com/branko.trickovski)