Возбудливо е да се гледа како Македонците се радуваат на порцијата животот што светот им ја додели со либерализацијата на медиумите. За нив е тоа бесплатна торба важност. И затоа сите гракаат. За сѐ
Пишува: Бранко ТРИЧКОВСКИ
Ние секогаш сме робови на една тема.
Зададена.
Понекогаш мислиме дека изборот е наш, но не, драги мои, ние сме само носители на звукот, џубокс кој ја свири песната што други ја порачале.
Ги жвакаме нивните теми како што газот ги жвака нашите гаќи.
Потоа ни пуштаат нов предмет со кој преку сите наши отвори ни сипуваат нова кофа бес.
Некој е затворен, некој излегол од затвор, некој зел, некој не добил пензија, некој човек е прегазен на пешачки премин, некој заглавил во сообраќајот кога најмногу му се мочало, нема лични карти и пасоши во пет до дванаесет, кога авионот на Македонецот му полетува за Јамајка, моторџии на злото пичат по „Партизанска“, ѕверови ги убиле Вања и Панчо, земјата е откачена од европската орбита со натчовечките напори на вморонските организми полни со говна, цената на печената пастрмка во Веро скокнала за цели 30 проценти.
Итн.
Луѓето престанаа да ставаат зимница, да се сексаат и да одат в театар, од што сета енергија ја арчат на темите кои имаат заеднички именители во власта и идентитетот.
Идентитетот е средство за задржување, уривање или освојување на власта.
За Македонецот нема никакво друго значење.
Добро, има тука и малку фолклор: Очите да ми паралдисаат… бла,бла, бла, кме, кме, кме…
Кој го пишувал ова?
Народниот гениј како македонски Шекспир.
И тоа е сѐ.
Возбудливо е да се гледа како Македонците се радуваат на порцијата животот што светот им ја додели со либерализацијата на медиумите. За нив е тоа бесплатна торба важност. И затоа сите гракаат. За сѐ. Обаче на социјалните мрежи заринкуваат како китови на плажите на Мрдаја и Трпејца. Во песокта на сопствената ненормалност. Тие мислат дека ја убиваат власта или премиерот или опозицијата, но убиените се тие.
И нивната заедница.
Можеби и државата, но нацијата веќе можеме да ја прогласиме за исчезната.
Кога спасителите го виделе Скопје 2014, се откажале од потрагата.
Ништо не е по антисоцијално од социјалните мрежи.
Социјалните мрежи се мочуришта во кои се собираат човечките комарци.
Живи дронови кои шират ментална маларија.
Се произведуваат во фабриките на вмро.
Едно време ми беше интересно да ја проследувам парадата на слободата. Да живеат во илузијата дека револуцијата на вмро ќе ги канализира нивните омрази и бесови, но потоа почнав да ги жалам, затоа што знам дека револуцијата нема да успее, а и да успее нема да го менува бројот на добрите места, а тие се однапред безецирани.
Најмногу на што можат да се надеваат е – курац!
Или куршум.
Ако телото е видливо.
Луѓето се бесни.
Многу често оправдано се бесни.
Но, главниот извор на беснилото е во тоа што луѓето меѓусебно се присилуваат да бидат бесни. Тоа е како кога сељаците и малограѓаните ги носат или сами одат на концерт на Трпчевски и се одушевуваат од Рахмањинов. Не е нужно да ја разбираат музиката за да бидат воодушевени. Така е и со бесноќата. Бесен сум – значи постојам. Тоа е моделот на општествено прифатливото однесување. Ако не си бесен, ќе те пријавам. Хахаха! Средувањето на работите, од банките и државните институции, до бензинските пумпи и менијата во кафулињата и кафеаните или културното однесување во сообраќајот, на улица, во маркетите и сл. сонцето во декември, го сметаат како темпирана измама „намештаљка“ со која непријателот сака да ги заебе и да им го разретчи бесот. И луѓето се враќаат на првиот личен проблем и веднаш го адресираат на државата. Штипалките со кои го проструваме переното пукаат на сонцето, алиштата паѓаат, да ти ебам државата.
Така се влегува во зоната на колективниот автошовинизам.
Додека се жалевме дека сите нѐ мразат пропуштивме да забележиме дека ние најмногу се мразиме.
Тоа нашата борба за идентитетот ни го даде.
И нема да нѐ пушти додека не се увери дека вратната жила не чука.
Како кој?!
Вмро, нормално.
Македонците престанаа за мене да бидат некои.
Како Полјаците за Гомбрович.
Престанаа да бидат она што беа.
Тој ги загуби своите во комунистичката револуција, а јас моите во вморонската полуција.
Мртви сперматозоиди на револуцијата против слободата, пливаат грбно.
Останав сам.
Безмалку сам.
Како гепард од Танзанија или игуана од Галапагос.
Сега сум заштитен вид.
Ме чипираа како Македонец во програмата на Обединетите нации за заштита на биодиверзитетот.
Другите се вратија во ембрионалната форма: и се напикаа на мајка си во утробата и сега ја ритаат по мевот и предизвикуваат неверојатна мачнина.
Сакаат да и го растегнат стомакот до Олимп и Коринт.
И врескаат како мачка пред кобра.
Многу им било неудобно.
Власта не ја носи Македонија на трудничка јога.
Што е по дефиниција знак дека е ненародна односно антинародна власт.
Не верувам дека повторно ќе се родат.
Дури и со царски рез.
Освен ако Македонија реши да ги носи 90 години па да ги роди колку за умирање!
Со исклучок на оние кои ќе сфатат дека прашањето на животот и смртта ќе мора да го уредат сами.
Хахаха!
Слушам дека сите нас, предавници, ќе нѐ стрелале.
Убаво.
Но, нема да има со кого да се изживувате ако сите нѐ пострелате.
Но, не поради стрелањето, туку поради говњарството, никој не може да ви најде држава кај што би можеле да бидете власт. Хистеријата на бесот и омразата што ја предизвикавте ќе го открие вашиот национализам како паразитизам. Ќе откријат дека вмороните не се добри ниту за огрев. Полоши се од гумите и фарбаната дограма. Не се знае дали повеќе ја загадуваат средината живи или изгорени. Ќе мораме да дадеме еден жив и еден изгорен вморон, предлагам Мицко да биде изгорениот, на анализа во Институтит во Визбаден, па како ќе кажат Германците така ќе направиме.
Среќна Нова година.