Македонскиот народ, од немање голем предизвик во изборот како да освои нешто добро, од одлична демократска подлога (ако се сеќаваме – споредлива со Словенија) од која можеше да изнегува нова моќ и да се споредува со граѓаните на ЕУ, стигна да се препка на наглостите и инсталираните малоумности во системот од ВМРО-ДПМНЕ. Шест години по нивното корнење на демократската подлога во кулминација на 27 април 2017 г. со крвосување глави во Собранието, денес повторно се силат низ медиумите со „летање глави“ и слични мачо-насилнички шовинистички, националистички, и да, дефинитивно, расистички опсцености на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот приврзок – Левица.
Емилија ЦЕЛАКОСКА
Меѓусебната лего-согласност на некои „народни“ изреки за власта и народот, просто запнува како семче од пиперка меѓу заби. На пример, составот на следниве две е кружен лет кон малодушноста и покритие за неа воедно: „Секој народ има власт каква што заслужува“ и „Наведната глава меч не ја сече“. Вторава е рецепт за ропство, а првата, претпоставува народ. Тврдењето, навидум, бара вистински народ, односно да не се сетиме дека тоа може да е и некоја група видлива само за некоја хиерархиска клика што си практикува нешто на таа група, односно дека тоа може да е и секта, и безгласниот „народ“ со гласот на „фирерот“. Притоа, во тој однос, само народот е тој што „заслужува“, не обратно. Не е некоја главоломка да се види дека „заслужувањето“ не е толку неутрален збор како што е божемно испразнет, бидејќи заедно со „наведната глава“ прави совршен психопатски клик како меѓу две лего-коцки.
Ако се сеќава некој на рекламирањето на „свиткана кичма“, иако се инсистира на негатив од свиткување, вистинското „педагошко“ дејство влече корени од нацистичката пропаганда за супериорност на расите: Евреите, иако староседелци на германското тло, биле сметани за друга, „неариевска раса“. Во рекламата, но и постојаните антикултурни, па и опсцени нивоа на комуникација со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, се сугерира дека „ниската раса“ се проевропските сили во Македонија. Слично беше и со „тиранската платформа“, каде што сугестијата им беше дека целиот македонски етникум е „наведнатиот“ при што, повторно, македонскиот дел од проевропските сили е, сугестивно, уште „поинфериорната раса“. Исто е и сега со измислицата „бугарски диктат“ – македонскиот народ „педагошки“ се турка за „инфериорен“ во однос на бугарскиот со уште посилна алузија за инфериорност на проевропските сили.
Целта изгледа како провокација за немир – никој не се согласува дека е инфериорниот, а дури ни оној што ксенофобно (парадоксално, уште едно оружје за оптоварување на мислата) намерно се наседнува во наративот дека бил супериорен – не се согласува на тоа (конфликтот дестилиран на Канал 5). Во суштина, ваквите слогани и реклами што сугерираат нечија инфериорност се возбудливи воглавно за членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и приврзаните на наци-наративи од Левица, односно, практично униформираните во умот или сакачите-да-се-униформирани, но и во дел од либералното тело што го смета протестот за свет грал на демократијата. Сите тие се во жестоко одбивање дека се инфериорни, што, особено за алт-десни/левите, автоматски им значи дека самите се супериорен компактен дел, виша раса, просто. Нивниот аргумент е дека штом протестираат – веднаш се супериорни. Односно, кој не протестира (кој прифаќа диктати, платформи и ЕУ-принципи) – е инфериорната раса. Од овој неписмен „принцип“ потекнуваат и хехенцата за „каде се Шарените сега“.
Ова е истата софистичка тавтологија за „нижост на група“ од шовинистот, мизогинистот, расистот, а за нацистот (квази-аргументот зошто Евреите им биле „нижа раса“) е најјасно: „Зошто Евреите не се спротивставиле кога влегувале во возовите?“ Се разбира, возовите, историски, се знае каде отишле, но како и во секоја сегашност што не ја знае конкретно иднината, при што е во тек на планирање подобра, го прави ова прашање одвратно префрлање на вина, оти исто така знаеме во што се состојат воените злосторства.
Во македонскиот опозиционен наратив се препознава претпоставката за сѐ најлошо за иднината планирана од „инфериорните“ проевропски сили во Македонија. Затоа опозицискиот камп нема да излезе со никакво планирање иднина и ќе се задржи само на свадбарско интерпретирање црешки од историјата како „план“, додека го убива вистинскиот, иднински план.
Во македонскиот опозиционен наратив се препознава претпоставката за сѐ најлошо за иднината планирана од „инфериорните“ проевропски сили во Македонија. Затоа опозицискиот камп нема да излезе со никакво планирање иднина и ќе се задржи само на свадбарско интерпретирање црешки од историјата како „план“, додека го убива вистинскиот, иднински план. Во замислената супериорност ја втурнуваат и моралноста со такво „или-или“ убедување:„Сите угнетени би морале да се барем желни да се спротивстават, инаку се морално слаби, нижи по природа и затоа, или а) заслужуваат само власт како нас, или б) ќе бидат уништени од нас, за да не ги заразуваат супериорните со својата инфериорност“. Фактичката ситуација, како и многу пати во историјата е недејствување на огромно мнозинство од граѓаните, што е, во основа, желба за нормалност, слобода и мир.
Затоа, прашањето сега, некои би го поставиле веројатно вака: „Дали, тогаш, протестот е секогаш грешка“ или, можеби сѐ уште, спротивното: „Дали, едноставно, наведнувањето на главата, не-бранувањето, почитта кон хиерархијата и учеството во неа со мирно седење долу или борба за што погоре во неа е единствениот начин на живеење, единствениот прирок во дефиницијата на – народ“. И двете се со одговор НЕ, бидејќи тие прашања се само во рамнината на антикултурната пропаганда, а не во целиот простор на човекови можности.
Всушност, излезот од или-или (супериорност/инфериорност, спротивставување/наведнување итн.) е во волјата (можеби волјата за волја!), односно смислата за намера кај индивидуите. Само тоа гарантира дека намерата ќе се пренесе како емергентно својство на колективното тело – народот, па така ќе важи и обратното – дека и властите ќе го заслужат народот. Ако еден колектив е со намера да освои нешто добро (можеби и така е формиран), тогаш таа е народ. Уште повеќе, оној дел од колективот со намера да освои реално добро за себе и други – е, ефективно, народот. Да забележиме за освојувањето на добро: Грабачките војни, автоматски зависни од бројноста, се неприменливи за помали народи, односно, заслужување нешто добро врз грб на друг, кога скоро сите се поголеми од него – е самоуништувачки. А не е многу попаметно и кога поголем зема од помал. Значи, грабањето од друг за освојување на нешто добро може да се отфрли во пештера (затоа, од Втората светска војна наваму – сите војни за сите страни се „одбранбени“!). Но, за да се практикува дефиницијата за народ во која примарна е волјата, мора да е поставено поле за да се остваруваат намерите, од кои најосновна е слободата за избор. Значи, не може без демократска подлога. Може и пошироко – „слободна волја“ да се каже, но бидејќи е силно ориентирана кон иднината, бара уште посилен апарат за имагинација отколку слободата за избор и тоа вообичаено се случува во компании или институции во кои креативноста (во смисла реализација на имагинацијата) е основа. Затоа, демократската подлога не е доволна, но е толку потребен услов, што е мета во која се гаѓа од страна на секој шовинист, националист, расист и другите воено-расположени агенти.
Имагинацијата на човекот е противтежа на моќта на парите и владеачката автоматска моќ над роботи / робови. Вториве се не-сосем моќи заради постојаната недоволност, а често и привременост, па тешко формираат добри својства ако нема и намера за нешто добро (за повеќе од мала привилегирана клика, јасно). Многу пати е споменато, но и таргетирано со нечесни алатки од страна на моќни шовинисти, дека писменоста, во својата полна смисла, е најмоќното нешто што раѓа имагинација кај секоја индивидуа. Моќта да се замисли нешто што не е опипливо, што не е просторно тука, што знае да отстапува во времето не само кон минатото, туку кон иднината, ни е речиси подарена можност од раѓањето, а наше е да го изнегуваме тој подарок за нас. Таму е технологијата, инфраструктурата, цивилизацијата, со еден збор. Преку неа планираме за иднината, а и предвидуваме по нешто со голема сигурност – науките се посветени на тоа. Со индивидуалната волја, особено кога е вклучена имагинацијата и потоа конкретно доведување до реализација, секој од нас влијае на формирање на одредена моќ на народот (колективот), како целина. На пример, можеби на чистачот не му е имагинативна работата, но неговата волја да го работи тоа за плата придонесува за чистост, што може верижно натаму да придонесе за некоја продуктивност базирана на слободна волја, која, пак, „кликнала“ делче од мозаикот на раѓачката нова моќ на колективот.
Всушност, таа нова моќ ниедна индивидуа не може да ја согледа вистински додека е во зародиш, но секој авторитарен ја посакува целата за себе, слично како единствен глас на сите под него. А токму авторитарните (не случајно – мизогини шовинисти, националисти, расисти…) го гушат нејзиното раѓање по овој нормален пат за сите, што ги обврзува дека тие, како „супериорни“, мораат да ги принудат „инфериорните“ да ја родат за нив. Со тоа, самиот авторитарен лик ќе биде аболиран од учеството во тоа. Авторитарниот тоа го зема како – супер за него, тој нема да се мачи, што е и поттик за придружување кон авторитарна клика. Но, она што тој шири во етерот дека е „маката“, е она што индивидуата со слободна волја (имагинација + намера) не го гледа како мака, туку како свој израз, идентитет, дефиниција на своето постоење, тој е својата креација и таа е тој самиот, уште повеќе отколку мајка и бебе.
Цветот се гази за една секунда, а за да изникне пак, се знае дека не е доволно само да се отстранат лошите услови и колку време треба потоа. Како тоа да не беше доволно, преку нивните должници (или приходници?) – медиуми, се фрла мескалин што имитира едукативни карактеристики: Повторување и повторување со отстранување на делче по делче од човечките моќи на писменоста (спротивно од образованието и науката), сѐ до постигнување на роботи (или робови).
Затоа е многу јасно зошто е мачоизмот внесен во идеите за протест и зошто разни принципи на наглост се популаризираат во општеството: Заразено е со комплексот за инфериорност како „женски“ принцип на стрпливи, чекор-по-чекор, негувателни промени. Тој мачо е всушност опседнат со контрола на образованието и науката, бидејќи таму лежи антиподот на наглоста, таму повторувањето е единственото место што ја има улогата на напредување чекор-по-чекор и раѓање на новото, кое е стравотно непредвидливо за него (затоа и обидите за гушење и недоветно управување), но толку посакувано. Таму лежи проверката и отфрлањето на гнилото. Таму е вистинската супериорност. Водениците за дипломи, ако некој се сомнева или се прашува зошто – ете затоа не се случајна појава, супериорноста мора да да се фалсификува кога не се може да се постигне вистински, но мора и да се „инфериоризира“. Оттаму се и честите, нагли кршења – законски „интервенции“ во образованието и научната дејност за време на груевизмот. Воедно, во авторитарноста овие области најмногу се товарат со глупавост: Отстранување содржини кои содржат логика (соодветните теми во математиката), гушење на имагинацијата (со глупави текстови во читанките и застарени или безврска лектири), нагласување на историјата како предмет, но притоа никако да се дозволи вид на “Discovery” – нарација, потоа „лекцијаштвото“ кај природните науки (задолжителна сувопарност!), итн. Лажниот „кембриџ“ и глупавоста на зададената „литература“, како и сите домашни „културни“ продукти наменети за младите, се осакатија на многу фино ниво. Цветот се гази за една секунда, а за да изникне пак, се знае дека не е доволно само да се отстранат лошите услови и колку време треба потоа. Како тоа да не беше доволно, преку нивните должници (или приходници?) – медиуми, се фрла мескалин што имитира едукативни карактеристики: Повторување и повторување со отстранување на делче по делче од човечките моќи на писменоста (спротивно од образованието и науката), сѐ до постигнување на роботи (или робови).
Така, македонскиот народ, од немање голем предизвик во изборот како да освои нешто добро, од одлична демократска подлога (ако се сеќаваме – споредлива со Словенија) од која можеше да изнегува нова моќ и да се споредува со граѓаните на ЕУ, стигна да се препка на наглостите и инсталираните малоумности во системот од ВМРО-ДПМНЕ. Шест години по нивното корнење на демократската подлога во кулминација на 27 април 2017 г. со крвосување глави во Собранието, денес повторно се силат низ медиумите со „летање глави“ и слични мачо-насилнички шовинистички, националистички, и да, дефинитивно, расистички опсцености на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот приврзок – Левица. Но, судот изрече пресуда за пратеник – шовинист. Изигруваат жртви, бидејќи системот започна да враќа на нивната цензура на вредности. Жалбите за цензура на нивните лаги се автентични жалопојки, кои секако, не можат да се воздржат во својата фалш-предикатна машина да не ги искористат во превртување на улогите на лагата и вистината, во превртување на улогите на етичен новинар и организиран клеветник како ИРЛ („одговорни за клевета“, „изнеле невистинити факти“ и заклучоци како не-јавна организација без надзорен орган, „врз база на зачленување“(!) ), како и другите „само-вистини“ со дозволи во етерот. Системот, како-така, почна да одзема анти-вредности. Цензурата на цензура на вредности преку отстранување анти-вредности, да простат алт-сакачите-на-униформи, не е веќе цензура, туку е рецензија, едуцирано отстранување на гнилежот, препрека за ширењето фактичко ѓубре измелено со ѓубре-логика. Ова е повеќе од само елемент на враќање на демократската подлога, туку е и признание дека иднината ни е во слободната волја, во намерноста да освоиме нешто добро за нас самите.
„Предвидувачката“ пропаганда за „победа на изборите“ од шовинистичкиот камп на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, е симптоматично залетана во вештачки детерминизам. Вештачки се одржува лажната „супериорност“, бидејќи приказната за „кревање глава“ е аут, со што автоматски се губи контрастот со „наведната глава“. Луѓето сакаат да бидат оставени на мир и да се реализираат себеси, а не постојано да бидат држени во страв да не случајно испаднат на проевропската страна, на страната со план за иднината, кај што, наводно, ќе „летале глави“. Она што можеме како граѓани да направиме за себе (добро за нашата иднина) е да ги користиме платформите за изразување на својата моќ на имагинацијата за добро, или барем слободата на изборот, за освојување на доброто – за некој, конечно, да нѐ заслужи нас. Апстиненцијата од слободите, особено од слободата на избор на официјалните избори, оди на рака на шовинизмот и антикултурните групирања, односно на авторитарните ехо-комори. Секој што сака да е оставен намира (тоа е слободата), не би требало да значи дека сака да е нечиј роб(от).
Се гризат што системот е генерички нетолерантен кон апсолутизам и мора да го плетат сосила за да биде. Бесни се што нормалноста знае да направи план за сопствената иднина.
Моќта на општеството, на колективот, народот, може да се роди само со изразување на волјата на индивидуите, но нема и невозможно е да има ништо во таа емергентна моќ што спречува индивидуалната волја да биде „волјеста“. По тоа таа јасно се разликува од вештачките детерминистички ехо-демони на авторитарниот камп и не би требало да си ја апстинираме. Да ги заборавиме „супериорните“ да си се лажат самите себе во својот затворен круг, во нивната Византија* за шовинисти, националисти, расисти и мизогинисти, со „победите“ над нас, граѓаните кои „не креваат глава“. Се кинат по сите шевови од неподнесување на оние кои разликуваат добро од зло – нас, кај кои е слободата на избор. Се гризат што системот е генерички нетолерантен кон апсолутизам и мора да го плетат сосила за да биде. Бесни се што нормалноста знае да направи план за сопствената иднина. Бидејќи, заради својата недвосмислена ориентираност кон иднината, нашата човечка слободна волја која, ако навистина е слободна волја – веќе содржи нормален, паметен план (не е ова детерминистички парадокс, кај „предвидувачите“ без план е парадоксот). Тој план е алгоритмот на ЕУ за градење солидно општество на наша земја.
*(В.Б. Јејтс во стих во„Пловење до Византија“ како земја за старци што ја нема + византиски игри. Исто така, на најавувачката шпица на филмот „Нема земја за старци“, што е искористен за коментар на Шерифот во контекст на насилството во човекот).