Соочен со конкуренцијата на други народи, со генерации ќе опстане само народот кој е во состојба во погон да го одржи процесот на самоинспирацијата
Пишува: Бранко ТРИЧКОВСКИ
Уште три дена и ќе ја соборите единствената политичка опција и гарнитура која можеше Македонија во интегрална форма да ја однесе во Европа и на нејзините автомати да ќари уште сто години живот за најстариот народ на светот.
За описменувачите на Европа.
Не ја амнестирам од бројните глупости, пропусти, лоши решенија, од зашлаканите бои на Шарената револуција, од отсуството на брзина во реализацијата на востаничките барања, месец-два, не повеќе, хахаха, но ја амнестирам од неверојатните, злобни и, ќе се покаже, фатални, повеќе за Македонија, отколку за неа, обвинувања за предавства на националните интереси.
Симнувајќи ја владата од политичката Анапурна, ја симнувате Македонија во чајџилниците на Куманово кај што се умира од Диво насеље и лошо исчистени цревца.
Тие популарни тралалајки од среда натака ќе дојдат да ја наплатат сметката за пијанчењето на нацијата.
Од секој Македонец и Македонка.
Сосе чистењето на говната затоа што тоа пијанчење беше до посерување.
Сакам да кажам дека македонската Реконкиста на будалите и лудаците, ќе заврши со уривање на статусот на Македонците.
И со јакнење на статусот на тие против кои беше покрената: Албанците.
Би можеле да ја патентираме како „негативна реконкиста“ и да им ја продаваме како ноу-хау на сите народи на кои им докурчил животот без национално достоинство и гордост.
Хахаха!
Соочен со конкуренцијата на други народи, со генерации ќе опстане само народот кој е во состојба во погон да го одржи процесот на самоинспирацијата. Кога доказите кои го уверуваат дека вреди да се задржи заедничкиот дух и специфичните ритми, мелодии, проекти, ритуали, и мириси, значи формите кои создаваат заедничка чулност која има смисла, ќе останат без сила, тогаш обесхрабрените народи се стопуваат во посилни култури или се распаѓаат на лутачки банди и по некоја заостаната група без пород.
Се плашам дека денешното изнасилено, патетично и плачливо мелодизирање на некаква македонска трагика од која наводно сакаат да не извлечат најдолните, најнижите од нас и по знаење и по морал, всушност неколкуте лутачки банди од тезите на Слотердијк, ја нема смислата на позитивната самоинспирација туку, сосема обратно, знак се и тоа многу сериозен знак, дека во еден дел ќе се распаднеме, а во друг ќе се претопиме.
Главно, ќе исчезнеме.
Што и не е некој губиток и за нас и за светот, но е голем срам затоа што тој историски пораз ќе го доживееме без стил и без надворешна причина во форма на војна, епидемија, елементарна несреќа итн.
Не, ние закономерно ќе се распаднеме затоа што го измисливме односно ни го подметнаа вмро, таа неверојатна вакцина од страв и хистерична надеж, од карцинална разјаденост која заедницата, нацијата и државата ја прифаќаат со оргазмичка екстаза.
Јукатански астероид.
Опенхајмер би рекол дека ова е свет во кој секој од нас, познавајќи ги своите граници – опасноста да биде површен и искушението да се умори – мора да се врзе за она што го окружува, за она што го знае, за она што може да го стори за своите пријатели, за својата љубов, но под закана на казната да се загуби во општиот метеж и повеќе ништо да не познава, повеќе ништо да не сака.
Ние сме пред закана од таква казна.
Да се загубиме во метежот што го предизвика вмро.
Меѓу луѓе со одземена деловна способност.
Лудаци го пумпаат македонскиот меур.
Кој мора да набабри пред да се распрсне.
Така би рекол Александар Којре.
И Тричковски, натурлих.
Како деца кои ги пумпаат балоните додека не пукнат.
Такви се Македонците.
Нација која реши да ѝ ја врати на Историјата својата временска, просторна и културна делница бидејќи останала без Гордост.
Некој ѝ ја украл во текот на ноќта.
И покрај бројните стражи на вмро-дпмне.
Кме,кме, кме!
Ирвинг Кристол пишувал дека постои еден непобитен факт кој важи за целокупното искуство на човековото постоење, а тоа е фактот дека ниту една заедница не може да опстане ако нејзините припадници поверуваат – или само насетат – дека живеат бесмислен живот во бесмислената вселена.
Се сеќавате ли кој ги уверуваше припадниците на македонската заедница во тоа цели седум години, демек, дека Македонија не ја бива, дека ова не е држава, дека ова е срање од држава и од народ, дека не заслужуваме држава итн.?
Се сеќавате или јас треба да ви кажам?
И зошто вмро-дпмне водеше таква кампања?
Па прочитајте го уште еднаш Кристол и ќе ви биде јасно:
Затоа што со тој сомнеж или, уште повеќе, увереност, Македонија и Македонците не можат да постојат.
Ви текнува, не!
Да, ама малку доцничко!
Зомбирани луѓе одат по улиците или во моловите и на зелените пазари и викаат: ебати државата.
Зад себе ги влечат количките со дневни набавки на храна колку што на милион места во светот хората добиваат, ако имаат среќа, еднаш годишно.
Па уште слушаме бладања за моноетничка влада и политичка нација во која сите ќе бидат Македонци, со тоа што етничките би биле над другите.
Да ти пукнат сите жили.
Моноетничка влада во Македонија е влада за лудаци и будали.
За луѓе по кои доцни мобилната амбуланта на Бардовци.
Типови кои никогаш не биле Македонци.
И не биле луѓе!
Македонија не може да се подели, а да не умре!
Ниту кај Групчин, ниту кај Вмрончин.
Како што не можете да го поделите Мицко, а да не добиете две полутки месо што ни кучињата не би да го јадат.
Корупцијата во Македонија е голема, но во однос на Хрватска е како Бермуди во однос на Тивкиот океан!
Јасно?
Сериозен проблем, но проблем кој не може да биде причина да се утепаме.
И, на крајот, драги мои, во последната колумна во слободна Македонија: Сите што го подржаа соборувањето на проевропската влада и инсталацијата на идиоти за кормилари на бродот што непогрешливо ќе заринка на првиот гребен затоа што тие, кормиларите, се, всушност, гребенот, сеедно дали тоа го направија поради проценките за сопствените бизниси или поради илузијата дека така ќе ја спасуваат македонштината, многу бргу ќе посакаат тоа никогаш да не го направиле.
Не верувам дека ќе имаат муда да се убијат, а нема и кој да ги турне од некој џам, но чувството на пораз и тешки губитоци во пари, акции и угледи во социјалните релации, ќе го пробие омотот на нивната бесчувствителност и ќе ги претвори во општествено ништо со свест за тоа и за сопствената одговорност. Атентатори на Македонија и недоволно прецизни стрелци во сопствените слепоочници. Олеснителна околност ќе им биде само тоа дека и општеството ќе биде едно големо ништо. Мртов коњ. Односно муле. Всушност, веќе е! (Фронтлајн)