Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Постновогодишна потреба за туѓ живот

Добрата среќа, ми се чини, во сечија животна зрелост, е да не се учествува во нешто во кое нема практично ништо

Пишува: Ненад ЈОВАНОВИЌ 

Пред новогодишно и пост-новогодишно одморив од пишување и политички контемплации; одморив и јас и од вас и вие од мене. Што правев во овој период? Некој некаде напиша, а јас прочитав и запомнив: „во недостаток на свој живот, човек гледа серии, филмови и чита книги“. Има дел од вистината во овие зборови.

Има вистина и во тоа дека човекот е затруен од претпразничниот бунар во кој пропаѓа од година во година. Граѓанските празнувања и таканаречените „пред и пост-новогодишни дочеци“ на овдешниот свет одамна ништо суштинско не им носат во себе, а со самото тоа, чекор-по-чекор, суштината ја дробат и уништуваат.

Својствената врева, забрзаноста, хистеријата и опсената празнична стимулација, толку изразена во завршните датуми од календарската година, може да се почувствува дури и преку допир со „гола“ дланка. Се чувствува таа измама и таа колективна лага како еден вид „општествен договор“ зачинет од другите конвенции на кои се потпираме. Оти, знаете и сами: ништо не завршува на 31-ви декември, ниту нешто вистински почнува на 1-ви јануари. Знаат луѓето дека е лага која и самите ја чувствуваат, ама сеедно – учествуваат. Како што се посакува и учеството во туѓиот живот, имено.

Оттука произлегува и оштрата меланхолија која во воздухот преку гола кожа се чувствува, а суштината лежи во тоа колку луѓето се свесни за измамата на датумите и празнувањата. Добрата среќа, ми се чини, во сечија животна зрелост, е да не се учествува во нешто во кое нема практично ништо. Не велам дека не треба да се честита Нова година – и да се празнува и да не се празнува – барем на најблиските, ама кога е така, тогаш е ред да се испрати честитка и на најдалечните роднини, пријатели и соработници.  Од друга страна, ако сме во можност, налогот од неметната стимулација да ја искористиме за испраќање на љубов, доверба и радост, тогаш таквата честитка добива благословна молитва и на секој еден може добрина да му донесе.

Проблемот е во тоа што човекот ваквата супстанцијална Новогодишна честитка може да ја испрати само до неколку личности и тоа – ако воопшто умее своите зборови да ги издигне до такви когниции/чувствувања.

Нашите вообичаени честитки, взаемно споделени кога часовникот отчукува под некој небесен огномет, повторувана како мантра во која нема својство и вистинска смисла, имаат квалитет на некоја одвратна брза храна, подеднакво како и пораките кои ги дистрибуираме преку нашите паметни телефони на што повеќе адреси. Не постои тука јаз измеѓу употреба на зборови и употреба на човекот. Со тоа што луѓето не знаат зошто така прават, ама чувствуваат дека нешто не е во ред, чувствуваат дека сите се во некој туѓ живот.

Потребата за пред и после Новогодишниот живот е еден вид оддишка од неметнатото секојдневие во вид на прослави во кои важечките општествени граници се олабавуваат/либерализираат, само како би успеале луѓето, барем на неколку денови и ноќи, изложени на „дионизијска слобода“ каква што впрочем немаат, да се ослободат од наталожениот целогодишен притисок. Таквото ослободување може да се нарече и депресија и не е случајно што позади истото име, се одземаат главните доминантни општествени наративи.

Непропишана ама со децении поттикнувана обврска да се слави подметнат датум и сеопшто да се честита новото кое воопшто не е ново, туку ќе биде друга или истоветна верзија од старо, нема на однатре ранетиот човек – а колку има само повредени луѓе помеѓу нас – ќе го направи поблизок до себе? Напротив, мислам дека уште потешко ќе се изгуби во туѓиот живот.

Моето лаичко и граѓанско мислење е дека само Божиќ може да нè спаси од оваа измама и варка. Не велам ни тоа дека црковните луѓе живеат во туѓи животи, ама тие, барем колку што знам, тежнеат да живеат живот – Христов. Меѓутоа, не може таков живот да живее секој, ниту треба да го живее. Уште помалку дека „црквеноста“ е гаранција дека може да се живее Христов живот.

За сите оние кои не се наоѓаат себе во организираната вера – а јас сум еден од тие – а кои после четириесет и пет години (мои години) граѓанско дочекување на една и испраќање на друга година чувствуваат дека нешто не е како што треба и дека одново-и-одново се употребени како ресурс, народски речено „џебна оргијашка симулација на среќа“ за која е важно само како ќе ги распореди и потроши парите – претставува уште една „цивилизациска“ обмана која доброволно сме ја прифатиле – тогаш не ни останува ништо друго освен доброволно да се вратиме од туѓиот во својот живот.

Да видиме, мајка му стара, кои сме, всушност, тоа ние однатре. И конечно со себе да се запознаеме. Дури тогаш може да речеме дека човек може да биде свој, во својот живот, и кога во тоа ќе проникнеме, дури тогаш може вистина да му посакаме на оној другиот. И љубов исто така. (Фронтлајн)

Зачлени се на нашиот е-билтен