Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поздрав до Бранко

Пред едно бесмислено тело какво што е Советот на амбасадорите (Македонија е полна од тела кои не знаат за што служат, пениси што не се креваат или се кренати па не можат да најдат дупка), Бранко Црвенковски отпеа неколку општи арии за Европската Унија (неединство, не знае што да прави со себе, ги заебава балканските страдалници, нема единство за Украина, не знае дали и како ќе се шири…)

И изнесе една бесмислена иницијатива.

Неверојатно бесмислена.

Грандиозно бесмислена.

На земјите кандидатки за членство и на МКедонија, можеби, пред се, да им се овозможи пристап до европскиот пазар и до европските фондови, а тие да можат да си го тераат ратевското оро и така да се подготват за полноправно членство во Унијата.

Демек: Дајте ни пари, ако не ни двате членство!

Колку длабокоумно, софистицирано и, дури, би рекол, перфидно бесмислено.

Хахаха!

Имам информации дека некои амбасадори паднале од столчињата и сега се на интензивна нега во Државна болница.

Предвидувањата и настојувањата на власта дека можеме да станеме членка до 2030 година ги смета за бесмислена мантра.

Значи: Паре, Еуропо!

Сѐ кажал поранешниот претседател, на кого се уште не му се укинати привилегиите кои се бесмислени на нивото на неговата иницијатива, па можеби и повеќе, само не кажал ништо за клучната работа:

Понудата на Европа за Македонија.

Преговарачката рамка, и факинг уставните промени со кои треба во преамбулата да ги ставиме Бугарите.

Значи за нашиот пат до европските пазари и фондови, какви што ги замислува Бранко.

И уште повеќе, до членство.

Башка што е неговата глупава иницијатива на некој начин чукање на отворена врата оти да не беа тие европски пари и пазари ние веќе ќе бевме мртви.

Сега ќе ни изнесуваа триесет години.

А тој никогаш немаше да биде ниту претседател ниту премиер.

Ништо.

Зошто не кажа ништо за тоа?

Зошто не кажа кои скотови ја кочат таа работа.

Зошто не им рече да престанат.

На вмро-дпмме, се разбира.

Дека тој ќе им помогне да се прешалтаат.

Затоа што е еден од антиевропските лобисти. Според своето поведение на функциите и по нив. Како и Глигоров кој го инсталираше. Националистички говњар од најпатичната македонска категорија: Ваташа, Гоце, Премабулата, кме кме кме, Илинден….блаблабла

Затоа.

Зошто го одржал говорот во кој констатирал дека нема што ново да каже.

Требало да си седи дома.

Тој е човек кој дваесет и пет години беше главен човек во Македонија.

Одредуваше правци, ресурси и критериуми.

Државата и општеството се последица, во голема мерка на две работи: на сиромаштвото на неговиот дух и на вербата на луѓето дека тој е гение на политиката.

Папа.

Јебо вас папа.

Тоа е едно неподносливо сиромаштво.

Позер.

Гол човек кој врши смотра на Гардиската единица на иднината.

Седи си во маалската кафеана и чекај писмо дека не си веќе поранешен претседаел.

Не си ништо.

Зачлени се на нашиот е-билтен