Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Провокациите за меѓуетнички конфликти на ВМРО-ДПМНЕ се закана за еден од столбовите на општеството

Мора да има некое посебно одделение, ќелија, во внатрешната револуционерна организација со прекар ДПМНЕ која има единствена задача да процени кога e најдобро време за да пласираат содржини, настани, процеси… што треба да предизвикаат влошување на меѓуетничките односи во Македонија.

Зоран БОЈАРОВСКИ

Свечено може да прогласиме дека пеењето на химната во училиштата е најголемото остварување на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Сега треба уште да донесат одлука машките деца секое утро после химната во спортски шорцеви и по маички „рамбовки“ да вежбаат, а девојчињата со плетенки да им подаваат вода. Додуша ова второво повеќе ѝ личи на „Левица“, ама исто е тоа. Hepsi Bir (Еп’си бир – Едно те исто ) што би рекол Ердоган.

Оној градоначалникот што се самопрокламира за Европеец од Аеродром повлече прв, а неговиот сосед од Гази Баба да не биде поназад. Секој прв понеделник во месецот наставата ќе започнува со интонирање на државната химна на Македонија.

„Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на дечињата кон Македонија, но и ќе ги охрабриме да учат за македонската култура и традиција“, напиша едниот, препиша другиот на социјалните мрежи.

Свечено може да прогласиме дека пеењето на химната во училиштата е најголемото остварување на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Сега треба уште да донесат одлука машките деца секое утро после химната во спортски шорцеви и по маички „рамбовки“ да вежбаат, а девојчињата со плетенки да им подаваат вода. Додуша ова второво повеќе ѝ личи на „Левица“, ама исто е тоа. Hepsi Bir (Еп’си бир – Едно те исто ) што би рекол Ердоган.

Многу модерно, многу современо, во духот на 21 век.

Не помина многу, се јавија панданите од другата страна. „Да се интонира и албанската химна во училиштата ако веќе се интонира државната“, порача тетовскиот градоначалник, Билал Касами за да може и тој да се пофали со неговата работа во општината.

Како и да е, мора да има некое посебно одделение, ќелија, во внатрешната револуционерна организација со прекар ДПМНЕ која има единствена задача да процени кога e најдобро време за да пласираат содржини, настани, процеси… што треба да предизвикаат влошување на меѓуетничките односи во Македонија.

За да ја поставиме основата за оваа претпоставка, којашто е прилично реална, иако не е неопходно, ќе се повикаме на студијата „Mapping Fake News and Disinformation in the Western Balkans and Identifying Ways to Effectively Counter Them“ од 2021 година, нарачана од Европскиот Парламент.

Студијата покажува дека пропагандните центри, домашните и оние во странство на исток, имаат идентификувано 4 столбови, на кои се потпира и на кои функционира македонското општество и кои се легитимни цели за поткопување: Меѓуетничките односи; Соседските односи; Врските со ЕУ и НАТО и Критичните политички процеси поврзани со иднината и равојот на земјата – по правило изборните процеси.

Како што се гледа „меѓуетничките односи“ се први на листата за поткопување на општественото ткиво на државата и затоа се посебна цел на центрите за дестабилизација на земјата и на пропагандата со говор на омраза и дезинформации.

Ц4 експлозив за столбовите на општеството.

Веќе е одамна јасно дека овие дејанија, поткопување на меѓуетничките односи, по правило се динамизираат за време на големи процеси кои се од стратешки интерес за државата. За да не ги редиме настаните и процесите од долгата листа на активностите на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го земеме само поновиот период, последните 4 години. Така беше во периодот пред и за време на пристапувањето на земјата во НАТО, а така е и во последните две или три пред почетокот на преговорите со ЕУ, и сега кога треба да се премине во втората завршна фаза со отворањето на кластерите.  

Пропагандните центри, домашните и оние во странство на исток, имаат идентификувано 4 столбови, на кои се потпира и на кои функционира македонското општество и кои се легитимни цели за поткопување: Меѓуетничките односи; Соседските односи; Врските со ЕУ и НАТО и Критичните политички процеси поврзани со иднината и равојот на земјата – по правило изборните процеси.

Уште на почетокот на оваа година пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски од собраниската говорница упати предупредување.

„Ми е страв дека експериментите коишто сега ги правите можат да не однесат во друг конфликт и ако во 2001 година станаа Албанците, сега можат да станат Македонците. Не го потценувајте ова што ви го кажувам“, се закани тогаш Александар Николоски.

Со овој „настап“ ВМРО-ДПМНЕ како да ја најави својата радикализација како што се забрзуваа процесите кои требаше да ја откочат блокадата на нашите преговори со ЕУ заради опструкциите на Бугарија.

Тргнаа по патот на порадикална и поекстремна позицијата во своите настапи и своето дејствување, особено со актуелизирањето на прашањето за изборите за кои, со таквиот тон, сметаа дека можат да презвикаат тие да бидат предвремени. Со тоа оваа партија влезе во натпревар со Левица, особено за време на кулминацијата на протестите за францускиот предлог.

Ова само потрдува дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се спремни да ја втурнат државата во хаос и безредие, во меѓуетнички конфликт, или да поттикнат спирала на тензични настани со обид за дестабилизација на државата.

Освен за тактиките на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица, овие укажувања наведуваат на заклучок кој е веќе познат, но кој вреди постојано да го ставаме во фокусот на нашето внимание. Македонското општество е сѐ уште чувствително и ранливо во однос на меѓуетничките односи и токму затоа е неопходно да бидеме постојано на штрек за да се предупредува на секоја закана по овие односи.

Треба сериозно да го прифатиме фактот дека препознавањето на политичата реторика и настани кои поларизираат е еднакво важно како и говорот на омраза и делата од омраза, особено оние кои доаѓаат од претставниците на институциите.

Со политичките говори набиени со говор на омраза, кој првенствено доаѓа од опозицијата, се поттикнуваат делбите меѓу граѓаните, а интензитетот на навредувачки содржини полни со омраза дополнително се засилува преку медиумите и на социјалните мрежи.

Дека Република Северна Македонија е длабоко поларизирано општество и дека поларизацијата се користи и како средство за политичко владеење и за политичка мобилизација е само еден од заклучоците и на публикацијата „Во(н) фокусот на медиумите: Демократски институции, владеење на правото и реформи во јавната администрација“ на Институтот за медиуми и аналитика ИМА.

Оттаму, време е да се прифати дека концептот „едно општество за сите“ не е само политички проект на само една партија, туку општествена стратегија за да ги одржи во постојан живот вредностите како што се еднаквоста, единството во различностите, недискриминацијата, остварувањето и унапредувањето на правата на сите заедници и подобрување на интеркултурниот дијалог, а со тоа и подобрување на кохезијата на заедниците.

Зачлени се на нашиот е-билтен