Скопје за греота си!

Неверојатни се сликите од главниот град, се срамам од него и од она што го гледам. Жал ми е, срам ми е, сѐ ми е!

Александра ТОДОРОВИЌ

Да ми кажуваше некој дека Скопје ќе доживее да се дави во ѓубре, да нема јавен превоз, да е обраснато комплетно во треви и полека да го губи својот лик соочен со урбаната мафија, и тоа сѐ одеднаш, немаше да му верувам.

Неверојатни се сликите од главниот град, се срамам од него и од она што го гледам. Жал ми е, срам ми е, сѐ ми е!

Ова ли го заслужува нашиот главен град! Ако не сте кадарни, одете си, нема тука философија, ама не се напуштаат позиции така лесно, знам! Ама, и уште нешто знам, не се забораваат овие неправди, овие слики, никогаш! Вашите имиња секогаш ќе бидат линкувани со ова несреќно Скопје!

Ѓубре расфрлано по главни улици, стар мебел, градежен материјал, си мислиш на депонија си негде. А за смрдеата и реата што се шири да не зборуваме.

Па и ЈСП капак, кај што само тоа и го имаме, единствено автобуски превоз, за метро да не правиме муабет, далеку сме од метро. Нередовни линии, стари и смрдливи автобуси без клима, како да треба да се чувствуваш казнет ако треба да одиш некаде со автобус! И престанав да одам со автобус, таква тортура не се трпи секој ден, подобро пеш барем ќе си дишам отровен воздух раат!

За воздухот да не зборуваме, де има де нема отрови, договорете се и онака сите ќе умрете! Хахахаха. Да, зезнато е! Сите го дишеме истиот воздух, и вие што лажете и нас што не лажат.

Треви, грмушки, дрвја паднати, еден ветар и сите дрвја што ви беа за сечење ги кутна! Одамна сите јавни претпријатија не функционираат! Помор, комплтене колапс! Вакво нешто Скопје не памети. Па ќе сме се спремале за Европска престолнина на културата 2028. Нит сме европска, нит сме престолнина, одамна престанавме да сме културни!

Ова е гласот на народот, ова е гласот на граѓаните на Скопје!

Зачлени се на нашиот е-билтен