Срам треба да му биде на оној што лаже дека Mакедонците се враќаат засекогаш дома. Срамно е затоа што не е многу одамна да заборавиме дека уличната парола, оној демек тивко прошепнат совет со лицемерна добронамерност на глутницата беше „ако не ти се бендисува замини си… инаку лошо“. Така и си заминаа.
Божидар БАРЛАКОСКИ*
Страв
И така во виорот на едно ново (не)нормално, сите сме, макар и потајно, уплашени за целокупното наше неповторливо живеење, стресирани, на раб на тешко болни, но најстрашно од сето тоа во колективното ни сознание, заборавени!
Проблемите на светот ни се гледаат далечни, но сепак се надваме да не затропаат на нашата врата. Се надеваме на милост кон нашата маленкост од големите околу нас, се надеваме на сочувсто од истите тие, кои ете, да пробаме да ги илустрираме во ликот на „големиот чичко“ кој ќе се смилува да не внесе на стадион да го гледаш големото дерби, та и ние да ја осетиме таа еуфорија а не само да ги слушаме гласовите надвор од ѕидовите на големиот стадион! Кон ранливоста на мултиетничкото општество кое сме ( постојано), како на тукушто продено дете со кое секој треба да внимава, и на кое секој воспитан треба да му покажа насмевка.
Македонија упорно мечтаае, но само мечтае, за својата голема прикаска на малиот народ.
Таа мечта, неоправдана поради пасивност и недостаток на дејство во реалноста, не поставува повторно, многу силно да го осетиме ефектот на најстрашниот данок, данокот во страв! Оној данок кој само си ја менуваше формата низ годините, но ефектот остауваше ист.
Имињата му се менуваа. Транзициски страв, страв од војна, страв од ВМРО
стравот да не влезеш во некој список, стравот од партискиот лидер, стравот од градоначалникот, стравот од повик на информативни разговори поради кажан збор, стравот да не бодеш очи на нечиј спонзор, стравот да не станеш проблем поради лично мислење, да не останеш сам, изолиран од роднини и пријатели, соседи, соседи по улица, маало, држава! Стравот да се спротивставиш на силите кои раководат со секојдневието од кое ти зависи функцијата на фрижидеротво најмала рака.
И точно на тој страв се надеваат оние кои години на ред се вртат како лисици околу кокошарник.
Денес пак ги гледаме наредени како глутница. Само ново поколение под истото знаме на стравот. Склони кон истата зависност од стравот на другите. Не ги запира тоа што Македонија се празни, пред се од луѓе, семејства, кадри, интелектуалци, инвеститори… не ги запира совеста, затоа што за нив совеста е слабост, макар била и совест кон сопствениот народ.
Таа нова глутница под старото знаме, го сее семето на истиот страв. Страв од срам и заборавање.
Срам
Најтешкиот срам е кога си фатен во лошо изведена лага, и безобразното оправдување оправдување покриено со нова, импровизирана лага.
Срамно е да се лаже дека Mакедонците се враќаат засекогаш дома. Срамно е затоа што не е многу одамна да заборавиме дека уличната парола, оној демек тивко прошепнат совет со лицемерна добронамерност на глутницата беше „ако не ти се бендисува замини си… инаку лошо“. Така и си заминаа. Многу од нас.
Некои се бореа до крај, некои го фатија првиот воз, авион, автобус.. кој како. Но нејсе. Малкумина останаа да се спротивставуваат на глутницата озабени и разлигавени лисици.
Срамно е да се гледа како се плука на раката која ти помогнала да се исправиш после осамостојувањето. После откажувањето на памперсот од предходната федеративна зависност. На целиот либерален свет кој вложил во потенцијалот на твојата Македонија, лобирање, време, внимание, капитал.
Тоа не се случило само поради тоа што сме горди. Тоа некој требало да го сработи. Тоа се процеси за кои некој требало да понесе одговорност. Тој некој, се маса луѓе, специјалисти, дипломати, граѓански активисти, научници, ентузијасти… наши луѓе кои ја научиле и вештината да си истовремено горд но и разумен. Народниот израз би бил итар.
Сега, таквите стивнаа, мнозинството од нив се повлекоа во своите одаи и си брка работа, од страв и срам. Страв од реприза на минатото, и срам од заборавениот и оцрнет труд за доброто на собствениот народ. Стравот дека кому скимне може да опакости неистомисленик, новинарска редакција, амбасада… се’ нешто кое не е во соодветност со идеологијата на партијата.
А имавме еден период, краток, но сепак. Период на еуфорија од добро завршената домашна работа,. Пофалени како слаб ученик кој добил 2-ка ден пред да биде испратен на поправен испит, кој за момент излегол од казнениот ќош и се исправил пред другите од класот со горда насмевка, дека и тој може, само ако сака… Траеше кратко, беше сладко, сега пак во ќош. Пак срам! Пак страв(!), од глутницата, од залудноста на обидот, од срамот, на лошо изведената лага, од празниот фрижидер, празната детска градинка, празниот комшилук, празната чаршија.
Заборавање
Заборавањето е деструкција на преданието и континуитетот. Заборавањето може да е предизвикано и од состојба на шок. Освен ако не е поврзано со деменција, заворавањето е избор. Избор кој омаловажува сѐ предходно и протежира тоа што е сега и овде. Сѐ предходно да оди по ѓаволите демек. Исто и континуитетот.
Избираме да забораваме дека таму кај што сме сега не сме стигнале сами.
Една цела армија на наши, најчесто неподобни но безобразно храбри и пркосни, заборавиле, или го оставиле „за после“ личниот конфорт и засукале ракави.
Една цела армија на „други, од надвор“, исто така засукале ракави, отвориле трезори и врати, направиле можност за нас.
(Според податците на светска банка, за периодот од 1993- 2002, Македонија, годишно добивала, горе-долу 191.74 (нето) милиони долари помош за развој, а во 2021 помошта во американски долари изнесувала 338.22 милиони. Целокупната сума на од донаторски програми од секаков се брои во многу милијарди. Имено од либералниот свет. )
Заборавивме на цели генерации прекрасни млади, и не толку млади, кои се креативни и инвентивни, кои умирааат за да живеат со полни гради. Не да емигрираат (често цели семејства и населби) ако тоа не е удар по инстинктот за “бори се или бегај”.
И точно тие млади и не толку млади, ги полнат партиските штабови и ги празнат кафематите додека чекаат мал знак од својата партија дека не се заборавени.
Исправени пред стравот и срамот и заборавот, никако да го искористат тој креативен потенцијал. Никако да ја отворат тој флакон полн млада свежа крв и да ја прелеат во анемичното тело на државата, па да ококори очи и да зарумени образи!
Заборавивме дека едномислието и толерирањето на насилството, нееднаквоста, несправедливоста е првиот признак за умирањето на демократијата.
Заборавивме дека власта која не срами, не плаши, не брка од сопствената држава, не заборавила гледајќи само за доброто на својата глутница, е истата таа власт која нашите гласови ја издигнуваат, но и ја поразуваат.
*Божидар Барлакоски е новинар и фотограф, основач на онлајн медиум. Веќе неколку години живее во Бугарија, членка на ЕУ