Фактички малцинската, но, актуелна опозициска нарација, низ медиумите и преку, неутроните, погрешно е претставена како да е мнозинска позиција
Пишува: Ана ЧУПЕСКА
Колку е жално тоа што најлепливата и најобединувачка идеја која најсилно ги поврзува сите различни граѓани овде, имено: идејата за МКД во ЕУ, од страна на усијаните, површните и пред се лукративните поединци во опозицијата континуирано е доведувана во прашање.
Мислам дека не им работи лепакот. Кампањираат со интензивно предизборно верглање: не била фер ЕУ; они ќе им кажеле како треба ЕУ да функционира; отекоа со тоа дезинформативната лажга за “бугарски диктат”; и слични патос драмолетки, полни со отсуство на самодовреба и пред се, преполни со плураслитичко незнаење. Тоа – плуралистичкото незнаење, има тенденциозна намера луѓето да ги доведе до состојба на колективен илузионизам, и редовно е промовирано од центрите на пропагандата. Така, плуралистико незнаење се наметнува како општ впечаток, но, за една сосем погрешна претпоставка : дека, повеќето од нашите граѓани се согласуваат со фактички малцинското анти-еу мислење. Не е така. Затоа и го именуваме како ПЛУРАЛИСТИЧКО НЕЗНАЕЊЕ. Бидејќи, фактички малцинската, но, актуелна опозициска нарација, низ медиумите и преку, неутроните, погрешно е претставена како да е мнозинска позиција (демек, сите се согласуваат со нив, демек тоа е општ впечаток, демек анкетите бла бла… ). И во овој психо-социјален инжињеринг, неутроните се најголемите далаверџии, баш поради тоа што се свесни за фактите: дека ова антиЕУ е едно малцинско мислење, а не мнозински впечаток. И тоа се продава, божемски е општ мнозински став. Со тоа, тие прават непоправлива штета – и за нив самите. Зарем не?
Сакам да кажам, тука во земјава се уште НЕ ПОСТОИ КОЛЕКТИВНА ИЛУЗИЈА ДЕКА ЕУ НЕ Е НАШИОТ НАЈДОБАР ИЗБОР, туку, она што го сведочиме е лош обид да се создаде една таква илузија.
На ова се работи деноноќно, иако, со евтини магионичаркси трикови кои имаат источен мирис. И медиумските ескадрили на лагата вклучени во активна стимулацијата на „плуралистичкото незнаење” се и меѓу главните причини за разидувањето помеѓу „јавното однесување” и „приватните мислења” на овие „пунктови на НЕМОЌ”.
Немоќни сте, факат!
Барем не колку што сакате да се прикажете.
Затоа што сте предизвикани од конзервативните заостанатости, и соочени со реланите либерални коперникански скокови и конечно, позиционирани на лесно верификувачка социјална идентификација (прогресивци/демократи/ либерали наспроти регресивци/конзерви/авторитарци).
Вашата немоќ е тешко видлива, но, не е и непостоечка.
Инжињирањето на „плуралистичкото незнаење”, што ja има тенденцијата да припишува ЛАЖНО СОВПАЃАЊЕ на верувањето со неточните перцепции, но, не и со процесот преку кој се доаѓа до тие неточни перцепции (пропаганда) за жал насамарува и многумина да западнат во неговиот вртлог, и со тоа ќе мора да се справиме сите што се иднeнтивикуваме како демократска и прогресивна јавност. Има доста работа тука.
Кога плуралистичкото незнаење, например, прави илузија дека, е доведена во прашање македонската стратешка цел, во никој случај неможе тоа да значи и дека релано ќе го посведочиме и деструктивниот успех на ргересот. Напротив. И тоа мора да биде јасно и јавно кажано, соочено со вистината за неговата немоќ.
Погледнете, на пример, како неуморно и континуирано добиваме помош од нашите стратешки партнери. Тие се уште не се откажуваат од нас. Да нема дилеми, тоа е и заради нивните безбеносни интереси, но и нам ни е во корист. Слично, безбедносните проценки – регионални, глобални, и во услови на втора ладна војна – подразбираат тоа дека експериментални проби не доаѓаат во обзир. Особено не за САД.
Со други зборови, ако антиевропскиот филм се уште продолжи да се емитува преку пропагандно-дезинформативните центри, во предизборието и по него, тука се и нашите “ моќни “пријатели, еве ги денес пак, ќе ни кажат дека така возиме во провалија. О’Брајан, дојден да ни покаже еден важен сообраќаен знак, како да не застраниме од европскиот пат, и секако да не соочи со ризиците од обратното движење.
Тие ризици се со очигледен линерарен регрес кој би почнал со меѓународна изолација на земјаваа, што потем би го зајакнала и авторитаризмот и етнопопулизмот, а тоа неможе а да не доведе до имплозвна меѓуетничка тензичност – чиј краен исход е неизвесен. И ова оддамна е антиципирано од многу сериозните аналитичари кои неуморно предупредуваат. Последно, почитуваниот и умерен, разумен глас на Исмет Рамадани пред некој ден укажа дека : …”ако победи таа опција ….Албанците таму нема да ги има. Мислам искрено да ви кажам, ако јас тоа го велам, може други ќе го кажат уште пооштро, уште поотсечно, дека никаква, дури и природна да биде опцијата за такво нешто, Албанците таму ги нема”… Рамадани, воопшто не е осамен со своите впечатоци, и јас ги делам со него. Не-осаменоста, пак, ни дава за право да инсистираме на тоа да сето ова со плуралистичкото незнаење биде антиципирано на време и соодветно пресретнато, а не после да кукаме и да лелекаме.
Конечно, имаме ние супер лепак (ЕУ), и верувам дека уште долго цврсто ќе не лепи. Но, во тоа лепење можеби и Жмиц ќе извиси…
Ќе видиме, многу скоро. (Либертас)