Ана ЧУПЕСКА
“Then why do you want to know?
Because learning does not consist only of knowing what we must or we can do, but also of knowing what we could do and perhaps should not do.”
Ова е цитат од капиталното дело на Умберто Еко “Во името на розата”. И не случајно ја почнувам оваа колумна реферирајќи на него. Пред се, затоа што сакам да споделам една лична импресија врзана за управувањето со УКИМ во годиниве наназад : асоцијација со една ековски “мрачна атмосфера” слична на онаа во книгата.
Ова го сметам за тесно поврзано и со самиот третман “знаењето” како такво. Кој ја читал книгата, знае за што зборувам.
Кој не, нека се наврати на цитатот. Или, сугестијата на Еко треба да е важен патоказ за тоа каков треба да биде статусот на знаењето и на учењето денес, посебно во околности на рапидна корпоритизвизација и комодификација на академските и универизитетските “работи”. Па, ако сакате и на “знаењето” како “инстанца на моќ (knowledge – power)”, а на линија на Фуко.
Зошто е ова важно, од проста причина што статусот на знаењето и на учењето има директна врска и со развојот на општеството, дури и на државата! Оттука, и улогата на УКИМ, е исто таква: има непосреден ефект врз развојот на целокупното општество. Консеквентно, изборот на Ректор/ка е и релевантен предмет на “општ јавен интерес”. И во оваа смисла, ги охрабрувам медиумите деновиве да се позанимаваат со темата : Избори на УКИМ, и нив темелно да ги истражат, па и да ги соочат и “профилираат” кандидат/ките.
Мили мои, ние на УКИМ мора да избереме: чесна, професионална, етички недубиозна и прогресивна личност. Освен што ректорската функција по одговорност е врзана за севкупното администрирање и менаџмент а оваа инстицитуција, за стратешкото планирање, за финансискиот менаџмент и за сите академски работи; исто така, Ректор/ката е и ЈАВНОТО ЛИЦЕ на УКИМ кое утре ќе треба да ги брани највисоките универзитетски интереси пред Владата, пред донаторите, пред меѓународната академска јавност. Aко не го ужива тој реален углед, или ако има некакви опашки позади себе и ние избереме таква личност, тоа е исто како самите да си пукаме во ногата.
И во едни такви да ги наречам “неповолни услови”, одбраната од“корпортавизизацијата/комодификацијата на знаењето” и развојот на образованието останува без билокаков капацитет и без надеж да подобрување. Уште помалку е можно, во такви едни околности универзитетот да создаде слободно-мислечки и критичко-резонантни и свесни индивидуи – кои ќе се носат понатаму со предизвиците на современоста. Значи, некој да го наречам, елементарен минимум за да се биде на оваа функиција, е личноста да не пати од лукративност!
Следна важна атрибуција која треба да ја има идниот Ректор/ка, е да биде “по мерка” и на професорите и на студентите, а не да биде по мерака на потребите на “лоби групировки” на кои УКИМ им е последен приоритет!
Во таа смисла, ми се чини и особено важно е да во следниот мандат биде стопирано “ПЛАЌАЊЕТО НА РУШВЕТ” од 5% за секој од меѓународните проекти, например… Ректор/ката секако дека треба да има и значително академско досие и непосредно искуство на директен контакт со студентите.
Значи не е доволно само да е истражувач, туку треба да е и добар педагог, но и дидактичар. И особено важно, да биде препознаен/а како морална вертикала која делува во согласност со универзалните хуманистички вредносни системи.
Не пости – вредносно неутрална наука, мили луѓе. Дури, една таква “неутрална” наука не е ни пожелна!
Например, може да бидете извонреден научник – технички виртуоз, но, во отсуство на хуманистичка вредносна лична платформа – вие ќе постанете нешто како Менгеле: Ангел на Смртта!
Така што, свеста за општите човечки услови и состојби е исто така клучна. Тие и такви услови мора да бидат препознаени во идниот мандат за Ректор/КА, т.е. да бидат антиципирани во контекстот на иднината на светската економија, на актуелната светска политика, на сите глобалните предизвици врзани за современоста. Значи, неможе Ректор/ката да биде “инландизиран ентитет” – фокусиран на себе и своите најблиски, насроти ураганот од предизвиците со кои денес е соочен светот. Или, мора да има широк светоглед и познавања не само од “универзитетските” работи туку и од сѐ останато.
Конечно, дозволете да споделам и субјективна желба. Дојдено е време, ми се чини, да имаме РекторКА. Поради една силна надеж дека и академскиот шовинизам (докажан во низа истражувања, за жал) ќе биде истеран од академската средина.
Преземено од Либертас.мк