Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уметнички душички

Политиката бара РЕШЕНИЈА, а не занесување. Особено не во неповолни историски околности за светот- како денешните.

Она што останува како најургентно прашање е како да се еманципира онаа маса од „уметнички душички” што ги негираат фактите и живеат во облаците и од тоа прават политичка кампања? Политиката бара РЕШЕНИЈА, а не занесување. Особено не во неповолни историски околности за светот- како денешните.

Ана ЧУПЕСКА*

Уште на самиот почеток нека ми простат уметниците, особено оние – ангажираните. Ќе ги употребам во фразеолошки и метафорични значења, без намера да ги навредам.

Значи,
Би започнала со ударна теза дека имате право да ги „мразите“ СДСМ и коалицијата која ја предводат во управувањето со државата.

Но!
НЕ МОЖЕ и да го НЕГИРАТЕ фактот дека коалицијата на Власт е единствената конзистентна политичка платформа која не попушта во реализацијата на државната стратешка цел за членство во ЕУ ! Тој тип на нивната немилосрдност е за секоја пофалба и нема врска со глупавата теза за изборот на “помалото зло”.

Затоа што,
Како што гледаме злото е распространето долж планетава.

„Уметничките душички”, напатени демек, секако, романтизираат денес дека Македонија е силна земја која може сама против сите. Одбиваат да се соочат со фактот дека светот, другарчиња, е во голема неволја. Ова пак подразбира не декларативна туку принципиелна политичка одговорност!

Во време кога повторно се разгоре израелско-палестинскиот конфликт, со несогледливи последици по последниот напад на Хамас и кога во Африка исто така се војува (погодете со чиjа поддршка течат овие неприлики !); кога Украина е нападната; со сето ова и ЕУ и НАТО се баjаги засегнати. Балканот, другарчиња, слично, сѐ уште е во состојба на отворена и одлична можност за proxy war.
Силите на злото, очигледно тоа вешто го користат, како што може најсвежо да посведочиме и преку последните случувања на Косово.

И овие „уметнички душички”, кои меѓу другото се и упорни дисеминирачи на лажни вести – што е и потврдено во извештаите на ЕУ за напредокот на земјата; истите тие, заедно со една крипто-медиумска и пачавросана „јавност” упорно тврдат дека уставните измени се бугарски диктат наметнат на земјава…

Еве најмалку 5 факти зошто тоа не е вистина, т.е. е лажна вест, на која се тера политичка кампања за да се смени стратешкиот курс на државата накај Исток.

Факт 1. Обврската за Уставни измени произлегува од Предлогот за Преговарачката Рамка која ни е понудена и потпишана од сите држави членки на Унијата. Притоа, во неа ова е поставено како услов кој произлегува од копенхагшките критериуми за признавањето на правата на припадниците на немнозинските заедници (човекови права, другарчиња!).

Факт 2. Обврската за уставните измени е преземена од страна на државата, а не од Власта, што значи дека ќе создаде обрска и за сите идни Влади, не само за актуелнава!

Факт 3.
Оваа обврска не се коси со ниту еден веќе гарантиран уставен принцип, посебно имајќи го во предвид фактот на хабитуалниот мултикултурен континуитет во градењето на државниот субјетивитет од Илинденците и Крушевската република па сѐ до Денес!

Факт 4.
Не станува збор за уставно признавање само на Бугарите, туку и на други помали заедници.

Факт 5.
Со јасно разграничување на Бугарите од Македонците, сите обиди за нивна идентитетска еквиваленција ќе се усмртат!

Ова се несоборливи факти!
Енде!

Сега, ќе упатам исто така на 3 други неспорни факти, кои се однесуваат на ПОЛИТИЧКАТА ЦЕЛИСХОДНОСТ ОД НА ПРЕТХОДНИТЕ ФАКТИ!

Факт 1.
Постојат јасни и недвосмислени позиции на ниво на ЕУ дека проширувањето ЌЕ СЕ СЛУЧИ, независно од видот и динамиката.
За нас би било tailor madе!

Факт 2.
Во услови на сериозна воена неизвесност , Северна Македонија нема голема можност за маневрирање и имитирање на некава политика на НЕВРЗАНИТЕ/НЕУТРАЛНИТЕ, од повеќе причини, а највеќе поради членството во НАТО.

Факт 3.
Шансата е СЕГА, и треба да сме екстремно глупави да не ја искористиме. Следна некоја си замислена шанса, господ знае дали ќе има и под какви услови …

Сепак, она што останува како најургентно прашање е како да се еманципира онаа маса од „уметнички душички” што ги негираат фактите и живеат во облаците и од тоа прават политичка кампања?

Политиката бара РЕШЕНИЈА, а не занесување.
Особено не во неповолни историски околности за светот- како денешните.

Во таа смисла, секое САМОЗАЛАЖУВАЊЕ станува и ЗЛОСТОРСТВО!
Како што впрочем Арент имплицитно тврди по повод подршката на наци-социјалимот низ прегледот на Ајхмановиот процес.

Но, очигледно дека СИСТЕМАТСКОТО ЛАЖЕЊЕ, од ерата на нацизмот и бољшевизмот, и денес има свои рецидивизми. Така, дезинформирањето и лажењето ( како ова со бугарскиот диктат) се исто така систематски индукции на идеолошки интервенции. Зарем и тоа ќе го негираме ?

Оттука,

Клучна политичка задача и прашање станува: како да се постигне еманципација на овие уметнички душички, особено нивните поддржувачи?

Ова, исто легитимно ја отвара и дилемата дали можеби е мудро да се комбинираат стратегиите на популизмот и еманципацијата паралелно (како во поствоениот период на пр.) а во прогресивна платформа?! Да размислиме и за тоа!

*Преземено од Либертас.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен