Агресија врз Украина ја исфрли Русија од цивилизацијата.
Прво, со беспримерната бруталност и, не помалку, со кретенството кое таа бруталност и самата агресија ги ослободи од свеста за бесмислата на војната од аспект на нејзините главни цели: териториите и улогата на териториите во безбедносните статуси и гаранции во новите револуционерни димензии на развојот на човештвото.
Агресорот се оддалечи од својата цел, од светот и, конечно, од себе.
Отиде у пизду материну.
Со милионите жртви зад себе, Путин никогаш нема да биде цар каков што сакаше да биде. Петар Велики, да речеме, или Џингис Кан, може да биде, ако баш сака да биде, крал, кан или цар, Луј 16, цум бајшпил, пред да му јават дека за година-две ќе биде готова гилотината на која ќе го ослободат од лудата глава.
Шевенинген е, Владимир, хотел со пет ѕведички за тебе.
Тоа е како да решил да направи голф терен со милион дупки во Донецк Луганск, Запорожје, Херсон и Крим, на кој за една година ќе тресне огромен астероид или, во незапирлив бран од Атлантскиот и Индискиот океан преку Средоземното море, нивото на Црното и Азовското море ќе се крене толку многу што на површината ќе можат да се гледаат само знаменцата на стаповите во дупките.
Тој би бил првиот човек кој би играл голф на вода.
Тоа важи и за денешното ниво на научниот и технолошки развој, а развојот на вештачката интелигенција, со сите свои можности и импликации, ќе направат од царистичките амбиции на Путин материјал за анализа на менталните состојби на еден тежок идиот.
Да скусам: Времето на ИАЈ колонијализмот на чие раѓање имаме среќа или, можеби, несреќа да присуствуваме, ќе го декласира територијалниот принцип на царистичкиот империјализам и ќе го исмее.
Цел Донбас, товаришот Путин ќе може да си го набута во шупакот, но за еден атомски пувеж нема да ја зголеми безбедноста на Русија.
Обратно, зафатен со производството на Кинжали, заостанува во производството на вештачка интелигенција и алатки за нејзиното користње, односно испаѓа од историската игра и тој и неговата романточно-бругална земја.
Територијата се релативизира, а царизмот без територија станува церемонијален или дури смешен феномен.
Утре да сака да се круниса, ќе му дојде кој?
Лукашенко.
На носила.
Понеже белорускиот лудак е на умирање.
Вештачката интелигенција ќе знае да се помоча врз путинкините нуклеарни глави и тие или нема да можат да полетаат или ќе експлодираат во дупките кај што се сместени.
Војната го оддалечува од можноста да се врати во новите системи на светот, а кога ќе се врати, ако се врати, ќе сфати дека заостатокот е ненадокнадлив.
Каков пораз.
Со други зборови контролата над светот ќе ја имаат неколку корпорации кои ќе ја диктираат економијата, екологијата, продуктивноста, науката, потрошувачката, финансиите, недвижностите, трговијата, спрортот, културата, движењето на носачите на авиони и на авионите, на нуклеарните ракети, исто така.
На се.
Колку треба да си луд за да го освоиш Бахмут без зграда на која можеш да го поставиш своето знаме.
Град претворен во нива.
На второ место по тие промашувања на смислата на времето и правецот во кој се движи човештвото, се Македонците. Нивната тема за преамбулата и за блокада на Бугарите е како обид да серат во чинии за 24 особи со идеја да не арчат препарати за чистење на веце школките. Интересна идеја, нема што. Говната ги фрлаат од тераса, нормално, врз самите себе, добро, во некое друго персонално издание, но и од Месечината може да се види дека говното што паѓа од Гоцевата тераса, паѓа врз македонска глава.
Вештачката интелигенција ќе не открие како лопови и лажови.
Земете му го пасошот на Чепреганов и ставете му ногавица за да не ни избега.
Оти нема никакви дилеми дека од неговата и таа на Владо Поповски, македонистичка историја пред 41/44, нема да остане ништо.
Гоце ќе ги тужи, Самоил, исто така, а и јас можам да решам да им барам оштета.
Не сум за тоа да одат в затвор, ама да ми платат по сто илјади евра за сите заблуди во кои ме држеле и ги попречувале моите напори и шанси да се развијам од жаба во човек, тоа да!
Кога вештачката интелигенција ќе открие еден Македонец на илјада бугарски дејци на вмро, тоа ќе биде крај на нашата историска измишљотина врз која сме решиле да се втемелиме.
Врз калта.
Со тоа што не верувам дека тие ќе сакаат пред вештачката интелигенција да се прогласат за Бугари.
За кој курац би биле Бугари денеска ако биле такви несреќници, слуги на дворот, пред сто години.
Па не се толкави будали.
Макар што будали биле.
Човекот имаше предност во однос на вештачката интелигенција во имагинацијата и креацијатa. Сега тоа не е сигурно. Македонците, да речеме, ја свртеа таа способност наопаку и го креираа вмро-дпмне, феномен за кој вештачката интелигенција вели дека е сериозен индикатор за опасна заглупавеност на општеството.
Тоа е како да си решил со вол да се натпреваруваш со бугарски трактор.
Колку треба да си глупав за да веруваш дека твојата нива ќе роди повеќе и подобро.
Човекот е еволуциски конституиран како линеарно суштество, во смисла на неговата перцепција, разбирање, аналитика и интерполација. Таквата конституција не води по површината на можностите на вештачката интелигенција. Таа се уште зависи од податоците што ќе ги собере од нас. Но, на повисоко ниво на софистицираноста, кое не е далеку, нашите податоци нема да и бидат потребни. Што ќе и се податоците за Жмицко и вмро кога веќе има утврдено дека тие нижи суштества што се викаат човеци, се многу добри за лепење на плочки и за занимации на темата што бил Гоце по националност.
Во специјалните градиники за Македонци и Македонки заостанати во развојот.
И за другите човеци, но тие ќе бидат со базени, џакузи и тениски терена, а за Македонците ќе има само штали за молзење на дигитални крави.
Проблемот е во тоа што политичарите кои треба да ја регулираат емата за вештачката интелигенција немаат поим од тоа што треба да регулираат.
Тие се вморони во однос на општата интелигенција.
Извор: FRONTLINE