Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Со мирно срце за Македонците би го рекол она што францускиот филолог Скалигер (1540-1609) го рекол за Баските: Се тврди дека тие се разбираат еден со друг, но јас во тоа воопшто не верувам.
Хахаха!
Со тоа што дозволувам дека во последните петстотини години Баските почнале да се разбираат меѓу себе, додека Македонците се како некакви вселенски тела кои цело време постојано се оддалечуваат меѓу себе и од себе и покрај тоа што Македонија не се шири како што тоа го прави вселената.
И не само тоа: Македонците имаат една фантастична инсталација која им овозможува да не се разбираат и со светот.
Која, всушност, ги прави невозможни.
Таа инсталација се вика вмро.
Подметачина со која кон крајот на 18 век Бугарија сакала да ги заебе големите сили по прашањето за Македонија, демек да го ревидира Берлинскиот конгрес во врска со Сан Стефано и „да ја пушти“ Македонија да се ослободи, па да се приклучи кон Бугарија. Инфантилни византизми, обаче, така било. Македонците кои и тогаш не се разбирале меѓу себе и уште помалку го разбирале светот, ја зеле таа подметачина како своја историска и револуционерна легитимација.
И еве сме денеска со тоа чудовиште околу вратот.
Како сомови со дудинка во устата.
На нивото на кое исчезнувањето на Македонија како нација и држава е прашање на темпото односно на временските опортуности и техничките аспекти.
Ќе направи ли некој биланс на постоењето на вмро-дпмне?
Јас ќе понудам неколку работи:
Прво, ја испретурија Македонија социјално, културно, образовно, финансиски, естетски, морално и институционално и од една реализирана и етаблирана национална формација направија флотантна маса на шашардисани луѓе и узурпирани, корумпирани и раскурцани системи.
Така е или не е така?
Идејата за ревизија на комунистичкото наследство се претвори во платформа за бесење на државата и нацијата.
Не случајно, се разбира.
Второ, ги блокираа сите евроинтеграциски процеси и амбиции. Како мечта за дефинитивно решавање на македонското прашање. Во првата изјава по победата во 2006, Груевски рече дека „Европа малку ќе почека“. И еве ја чека. Жмицко ја продолжува истата политика како опозиција. Со сите средства и сили.
Трето, Македонците се на врвот на своите можности да не се разбираат еден со друг. Јазикот е сменет, фразеолигијата, мислата е исушена, чувствата се отапени за животните теми и работи и воспалени за глупости како Гоце.
И Бугарите.
Вмро да ве брани од Бугарите, тоа е исто како Вагнер да ги брани Украинците од Русите.
Исти курац.
Четврто, тие ја инсталираа културата на насилството и неказнивоста, што во комбинација со кренатата мил на општеството на разноразни функции и со интензивна медиумска кампања, како топничката офанзива на Русите во Мариупол или Бахмут, доведе до низа жртви и води кон драми со какви се соочува Србија деновиве.
Петто, дезелитизацијата и порадноснувањето на кулурата, политиката и јавниот дискурс, не се форми на преобликување на Македонија, туку форми на демонтажа на државата и атентат врз нацијата.
Луѓето чувствуваат дека работите одат кон лошо, но немаат моќ да ја разберат суштината на проблематиката. А тие што ја разбираат се срамат да си ја признаат и пред себе и пред јавноста. Главно викаат по владата, што е некаков нормален рефлекс. Но, проблемите кои произлегуваат од политиките на власта и кои, се разбира, не се мали, се трета лига во однос на идејата за крах на Македонија од идејни, етнички и етички и историски причини кон кои закономерно води самото постоење и идејата на вмро.
Тоа е драмата на Македонија.
Тоа доаѓа од изборот на вмро како историски мит кој во формата на политички концепт прави ршум.
Можеме ли да се спасиме?
Можеме, се разбира.
Кога нормалноста би била помалку фина, помалку коруптивна, помалку цинична, помалку стрвна.
Услови кои не ги исполнуваме.
Утешна е една работа. Крајот на Македонија ќе биде крај на еден систем за измачување на луѓето со својата неконсолидираност, лажност, измисленост, со еден сисхем кој решил да ги сјебе шансите што му ги дала историјата оти му се чинело дека менаџирањето со тие можности, посебно компромисите, неговата нежна душа и висока самопретстава, не може да ги поднесе. Ние ги потценуваме работите што ги имаме и се преценуваме себе си, Ебнер Ешенбах Тричковски.
Хахаха!
Извор: FRONTLINE