За што протестираат и за што НЕ протестираат родителите на учениците?

Родителите несомнено играат клучна улога во заштитата и унапредувањето на правата и благосостојбата на своите деца. За жал, ретката комуникација меѓу родителите и наставниците, како и меѓу родителите и стручните служби во училиштата, ги остава децата често сами на себе. Овој недостаток на комуникација создава многу проблеми.

Љуан ИМЕРИ

Преку образовниот систем настојуваме да ги оспособиме децата и младите да станат креатори на својата иднина и да се соочат со најголемите предизвици на денешницата. Во оваа мисија мора сите да се вклучиме, бидејќи, како што вели африканската народна поговорка, „Потребно е цело село за да се израсне дете“.

Родителите несомнено играат клучна улога во заштитата и унапредувањето на правата и благосостојбата на своите деца. За жал, ретката комуникација меѓу родителите и наставниците, како и меѓу родителите и стручните служби во училиштата, ги остава децата често сами на себе. Овој недостаток на комуникација создава многу проблеми.

Протестот може да биде моќен начин за родителите да ги изразат своите загрижености и да бараат промени. Но, анализирајќи ги досегашните протести, со исклучок на некои случаи, можам со жалење да констатирам дека родителите кај нас обично протестираат само:

  • кога сакаат да се исклучи дете со попречености од редовната настава затоа што „им сметало на нивните деца“,
  • кога треба да се запише дете од друго училиште затоа што „можеби ќе им смета на нивните деца“,
  • кога треба на некои деца да им се забрани да учат на мајчин јазик во училиште каде што тој јазик не се користел во минатото, затоа што тоа им смета на самите родители,
  • против дигитализацијата на учебниците,

За жал, родителите (речиси) никогаш не протестираат:

  • против зголеменото присуство на врсничкото насилство во училиштата,
  • кога наставниците физички ги казнуваат децата или на пример им пишуваат оценки на чело,
  • против продавањето на цигари и енергетски пијалаци на децата,
  • против присуството на марихуана во училиштата,
  • против верското и екстремистичкото делување во училиштата,
  • против милитаризмот и говорот на омраза,
  • против нелегалните активности, злоупотребата и заканите кон децата,
  • кога се загрозени демократските процедури и кога децата се изложени на неправда и дискриминација,
  • кога децата не добиваат соодветно образование, односно кога училиштата ги немаат потребните ресурси,
  • кога здравствените услуги и поддршката за децата се несоодветни,
  • кога училиштата не обезбедуваат безбедна и поддржувачка средина за нивните деца,

…дури ни кога самите се сведоци на тоа.

Зачлени се на нашиот е-билтен