Некој сериозно манипулира со вработените во Филхармонија на Северна Македонија, и ова веќе сериозно мириса на вмровштина.
Оваа постапка, жолти ленти, е типично вмровска постапка да се первертираат приказните на затвореното општество и тоа што некогаш беше нивни трејдмарк, сега да му се „закачи“ на некој друг.
Жолтите ленти не се ништо друго освен трагично сеќавање на едно затворено, класутрофобично, хомофобично и мразачко општество, односно средина, односно заедница.
Ако некој треба да носи жолти ленти, треба да носат членовите на Националниот џез оркестар на кој им е забранет пристап, привремен. Тие се непосакувани, тие се отфрлени од нивните супериорни колеги.
Инаку,
Филхармонијата на Елба (Elbphilharmonie), на државата Хамбург во СР Германија, е дом на 4 оркестри.
Во ова светско чудо на архитектурата и на акустиката на реката Елба, работат, создаваат и концертираат Северно-германскиот радиодифузен оркестар, Ансамблот Резонанса, Хамбуршкиот симфониски оркестар (кој си ја „задржа“ и Лајсхале како место за концерти) и Државниот хамбуршки филхармониски оркестар.